Како шеќерот ни влијае на мозокот?
„Простите“ шеќери, или моносахаридите (како глукоза), содржат енергија која биолошките клетки ја користат и трошат. За полесна идентификација, секој збор што завршува со „оза“ најверојатно претставува вид на шеќер.
Внимавајте, шеќерот не се состои само во торти, колачи, сладолед и засладени пијалаци. Го има и во готови сосови, флаширана вода со вкус, јогурт, гранола...
Што всушност се случува во нашиот мозок кога внесуваме шеќер? Зошто колку повеќе јадеме благо, толку повеќе го посакуваме?