Како треба да се чува кромидот за да остане свеж?

Каде и како да се чува кромидот зависи од тоа дали е цел или исечкан. Општо земено, кромидот сака сув воздух и ниски температури и одржувањето на оптимални услови за складирање значително ќе го продолжи рокот на траење.

Излупениот кромид ќе издржи во фрижидер 10 до 14 дена, а исечканиот од 7 до 10 дена. Ако цел кромид се чува на ладно и суво место со добра вентилација, може да има рок на траење од 3 до 7 месеци, под услов да е сув, цврст, со недопрена лушпа и да не никнува.

Складирање на ладно и суво место

Идеалната температура за складирање на кромидот е помеѓу 7 и 13 степени Целзиусови, што значи дека најдоброто место за него е во фрижидер или друго ладно и суво место како што е подрум, остава или гаража.

Што е со фрижидерот?

Иако можете да го чувате дури и неизлупениот кромид цел во фрижидер неколку дена, не се препорачува подолго чување. Кромидот оставен во фрижидер долго време го претвора скробот во шеќер, правејќи го мек и влажен.

Намалете го нивото на влажност

Кромидот треба да се отстрани од сите пластични кеси со храна пред складирањето и да се чува подалеку од производи кои ослободуваат влага, како што се компирите. Ако го оставите во вреќа што не дозволува циркулација на воздух, може да се развие мувла. Високото ниво на влажност може да предизвика и ртење на кромидот. Наместо пластична кеса, користете мрежеста кеса или контејнер што овозможува циркулација на воздухот.

Чувајте го на темно место

Покрај тоа што просторот мора да биде сув, ладен и добро проветрен, кромидот мора да биде заштитен и од директна сончева светлина. Топлината генерирана од сончева светлина или друг извор може да поттикне раст на мувла и други микроби.

Како да чувате исечен кромид?

За разлика од целиот кромид, исечканиот кромид најдобро се чува во фрижидер во затворена пластична кеса или херметички контејнер. Важно е да знаете дека јаболката, крушите и целерот го апсорбираат мирисот на кромид доколку се чуваат во негова близина.

Замрзнување кромид

Иако не е препорачливо да се замрзнува цел кромид, сечканиот делува добро кога се чува во замрзнувач. За таа цел, може да се стави во кеса за замрзнување, од која треба да истисне што повеќе воздух. Замрзнувањето ја менува неговата текстура, но сепак ќе биде корисен за печење и за било друга термичка обработка.

Тагови
реклама

Живот

Цицаат струја: Кои уреди треба да ги исклучите пред да излезете од дома?

Read more

Која храна никогаш не треба да ја комбинирате со магнезиум?

Read more

Како Нордијците наоѓаат светлина во најтемните месеци и ја победуваат зимската меланхолија?

Read more

Кои хороскопски знаци ќе ја завршат 2025 година со голем успех?

Read more
 

Магазин

Храна за подобро здравје на цревата, по препорака на нутриционисти

Читај повеќе

Портокалот и неговите придобивки

Читај повеќе

За Свети Никола: Посна верзија на руската салата

Читај повеќе

Цицаат струја: Кои уреди треба да ги исклучите пред да излезете од дома?

Читај повеќе

Хороскопски знаци на кои ќе им се смени среќата во љубовта до крајот на 2025-та

Читај повеќе

Ран знак на деменција што често се игнорира

Читај повеќе

Која храна никогаш не треба да ја комбинирате со магнезиум?

Читај повеќе

Ендокринолог препорачува што треба да јадете по 50-тата година

Читај повеќе

Посен подварок со суви сливи за Свети Никола

Читај повеќе