УЕФА ЕУРО 2020

Како УЕФА го налути Шмајхел, а Македонецот Пандев влезе во историјата

Додека Данецот Кристијан Ериксен полека се опоравува откако колабираше на мечот со Финска, се повеќе поранешни фудбалери ја критикуваат одлуката на Европската фудбалска унија (УЕФА) истиот меч да го продолжи истиот ден.

Анализа на BBC

Легендарниот дански голман Питер Шмајхел за BBC Radio 5 изјави дека фактот дека данските играчи добија избор да го продолжат натпреварот во сабота вечер или недела напладне е „смешна одлука на УЕФА“.

„Тие требаше да се обидат да изнајдат поинакво решение и да покажат малку сочувство, но не го направија тоа“, рече Шмајхел.

Ова не беше единствениот инцидент на Европското првенство – на натпреварот помеѓу Англија и Хрватска во Лондон, еден навивач падна од трибините, а поради сериозноста на повредите, тој веднаш беше пренесен во болница.

Поради пандемиските мерки, натпреварот на Вембли го следеа околу 18.500 навивачи, а домашниот тим славеше со 1:0.

Новиот натпреварувачки ден на Европското првенство го одбележа и Македонецот Горан Пандев, кој стана втор најстар стрелец во историјата на натпреварувањето против Австрија, како и враќањето на Холандија на големата сцена откако претходно отсуствуваше од континенталното првенство 2016 година и Светското првенство 2018 година.

Што друго рече Петер Шмајхел?

Натпреварот Данска – Финска во Копенхаген беше прекинат пред крајот на полувремето откако колабираше Ериксен, фудбалерот на милански Интер.

Лекарскиот тим го реанимирал на терен, па тој бил пренесен во болницата, каде се освестил. Откако слушнаа дека Ериксен е подобар, играчите решија да го завршат натпреварот во саботата.

Организаторите на турнирот објавија дека се согласуваат со ваквото барање од играчите на двете репрезентации.

Но, Шмајхел, чиј син Каспер брани за Данска, рече дека играчите се ставени во тешка позиција.

„Ако требаше да играм, веројатно ќе беа најлошите два часа во мојот живот“, рече тој.

„Нешто страшно се случи и УЕФА им дава можност на играчите да излезат и да одиграат натпревар или да се вратат во недела напладне. Каков избор е тоа?

„Резултатот е целосно ирелевантен. Мислам, како можеш да играш? “

Џермејн Џенас, коментатор на BBC и поранешен репрезентативец на Англија, рече дека одлуката да се продолжи саботниот натпревар нема никаква смисла.

„Тој натпревар не требаше да се игра истата вечер. Ниту еден играч на тој терен не беше во вистинскиот начин на размислување да игра фудбалски натпревар.

Џенас смета дека требало ден-два за да се смират работите и луѓето да ги соберат своите мисли.

Напаѓачот на Финска Пуки изјави дека саботниот натпревар бил еден од најтешките во неговата кариера.

„Одлучивме да поддржиме што ќе одлучи данскиот тим и бевме подготвени да продолжиме без оглед на одлуката што беше донесена“, рече тој.

Дефинитивно не беше лесно да се вратиме на теренот. Но, кога слушнавме дека се е во ред, повторно започнавме да се концентрираме на натпреварот“.

Свирежи на Вембли, па прослава на Англичаните

Мал дел од навивачите на Англија на стадионот Вембли во Лондон им свиреше на играчите на таа репрезентација кои клекнаа пред мечот во центарот за поддршка на борбата против расната дискриминација.

Дел од приврзаниците на Англија свиреа за време на изведбата на хрватската химна, но повеќето поддржувачи сепак аплаудираа.

Во пресрет на овој натпревар, селекторот на Англија, Герет Саутгејт и британскиот премиер Борис Џонсон ги повикаа навивачите да не упатуваат свирежи.

Домашните играчи доминираа скоро во сите 90 минути, создадоа неколку добри прилики, а една од нив во 57.минута беше претворен во победнички погодок од Рахим Стерлинг.

Пандев за историја, но мала утеха за Македонците

Репрезентацијата на Северна Македонија дебитираше на Европското првенство, а навивачите ќе го паметат премиерниот настап за две работи – поразот од Австрија (3:1) и историскиот погодок на капитенот Горан Пандев.

Пандев стана втор најстар стрелец во историјата на континенталните шампионати со гол во 28-та минута. Македонскиот репрезентативец сега има 37 години и 321 ден, а најстариот стрелец во историјата сепак е Австриецот Ивица Вастиќ – 38 години и 257 дена.

Вастиќ постигна гол против Полска на шампионатот во 2008 година.

По натпреварот, Пандев рече дека му е жал за поразот, но дека верува дека на следните два натпревари во групата, Македонците може да изненадат.

„Сега треба добро да се подготвиме за Украина. Овој натпревар за нас ќе биде одлучувачки. Треба да играме напаѓачки, на сè или ништо“, рече Пандев.

Трилер во Амстердам

Најдобриот натпревар во досегашниот тек од турнирот го одиграа Холандија и Украина во Амстердам, а домаќинот славеше со 3: 2.

Украинците успеаја да се вратат во мечот, иако губеа со 2-0, но на пет минути пред крајот на играта, Дензел Дамфрис го постигна победничкиот гол за Холандија.

Претходно, Џорџињо Вајналдум и Ваут Вегорст ги израдуваа домашните навивачи со голови, но Украинците возвратија преку Андреј Јармоленко и Роман Јаремчук.

Што нѐ чека в понеделник?

Шкотска и Чешка ќе се сретнат во првиот натпревар на денот од 15 часот во Глазгов.

Три часа подоцна, на програмата е натпреварот помеѓу Полска и Словачка во Санкт Петербург во рамките на групата Е.

Последниот натпревар в понеделник од 21 часот се игра во Севилја помеѓу селекциите на Шпанија и Шведска.

Систем на натпревари

Ова е прво Европско првенство каде се играат натпревари во 11 различни градови и земји.

Лондон, Рим, Минхен, Баку, Санкт Петербург, Будимпешта, Севилја, Букурешт, Амстердам, Глазгов и Копенхаген имаат чест да бидат домаќини на најдобрите европски фудбалери.

До неодамна, списокот на градови домаќини се менуваше во согласност со епидемиолошките мерки што важат во одредени земји.

Европската фудбалска унија (УЕФА) инсистираше градовите домаќини да дадат гаранции дека на одреден број навивачи ќе им биде дозволено да присуствуваат на натпреварите.

Властите во Даблин и Билбао не можеа да гарантираат присуство на публика на трибините, па отпаднаа.

Полуфиналните и финалните натпревари ќе се играат во Лондон.Полуфиналните дуели ќе се играат на 6 и 7 јули, додека финалето е закажано за 11 јули.

Тагови
реклама

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Фудбал

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе