Како УЕФА „ѝ ги скрши нозете" на Супер лигата и што се случуваше во изминатите 48 часа?

Само 48 часа откако беше објавена европската Супер лига како иднината на фудбалот, идејата доживеа крах откако половина од тимовите кои ја основаа се повлекоа.

Челси, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Aрсенал и Тотенхем, односно сите англиски клубови кои беа во Супер лигата и имаа волја да се одвојат од УЕФА, синоќа се премислија и донесоа одлука да се откажат од Супер лигата, а и Интер е под знак прашање.

Ова значи дека Супер лигата доживеа крах и дека невозможно е да продолжат само Реал Мадрид, Барселона, Атлетико, Јувентус и Милан.

Што се случуваше во изминатите 48 часа?

Клубовите од Супер лигата (односно нивните сопственици) беа многу самоуверени, но не очекуваа толку силна реакција од УЕФА, а потоа и од Европската Унија, политичари, фудбалски федерации, фудбалски лиги, други клубови, играчи од други клубови…

Сепак, можеби најголемо влијание имаа реакциите од играчите и тренерите од некои од клубовите од Супер Лигата, како на пример Милнер, Гвардиола, Хендерсон…

На ова се надоврзаа и реакциите на навивачите кои на сопствениците јасно им ставија до знаење дека не можат да инсистираат на натпреварување за кое се само тие. Пред стадионот на Челси настана и општ хаос.

Дали вистинската причина беа реакциите или парите?

Да, можно е клубовите да се откажаа поради реакциите на навивачите, но постојат и поверојатни сценарија за други причини кои доведоа до тоа.

УЕФА почна да преговара со англиски инвестициски фондови кои би вложиле големи средства во буџетот на новата Лига на шампиони (наводно околу 4,5 милијарди евра), што би значело дека клубовите во иднина би заработувале значително повеќе отколку сега.

Чеферин беше мудар и најде начин како да ги подели сложните 12 клубови.

Каталонскиот Mundo Deportivo пренесува дека УЕФА ја добила битката така што само на англиските клубови им понудила сериозна сума на пари за да ја напуштат Супер Лигата, а тие  поради понудата која не можеле да ја одбијат, заедно со другите притисоци, одлучиле да прифатат да се откажат од Супер Лигата.

Интересно е што УЕФА не ги контактирала ниту шпанските, ниту италијанските клубови, кои ги гледа како одговорни за формирање на ова натпреварување.

Флорентино Перес и Андреа Ањели, првите луѓе на Реал Мадрид и Јувентус, станаа непожелни во европскиот фудбал откако УЕФА успеа да ги победи за 48 часа.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Фудбал

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Read more

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Read more

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Read more

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Read more
 

Спорт

Дончиќ официјално прогласен за најдобар стрелец во НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Читај повеќе
  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе
  • play_arrow

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Читај повеќе

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Читај повеќе