Многу жени сакаат да имаат пополни усни, за некои тоа е одраз на сексапил додека други едноставно сакаат да бидат забележани токму по тој детаљ.
Професионалната шминкерка Андреа Али од Париз откри како со помош на шминка може да направите усните да ви изгледаат поголеми и полни. Всушност, многу е едноставно, потребно е само малку време и повеќе пракса.
За тоа ви требаат пудра, молив за усни, палета бои за усни и сјај. Многу е важно на кој начин ќе ги нанесете овие производи на усните бидејќи од тоа зависи дали ќе го постигнете вистинскиот ефект.