Како Вест стана логото на НБА?

Џери Вест, една од највлијателните личности во историјата на кошарката почина вчера во САД на 87-годишна возраст.

Дресот на Лос Анџелес Лејкерс го носеше од 1960 до 1974 година, 14 пати беше Ол-стар. Еднаш беше најдобар стрелец и асистент во сезоната, а во 10 наврати беше избран во идеалната петорка.

Четири пати беше дел од најдобрата одбранбена петорка во НБА лигата, а во чест на Вест Лејкерс го пензионираше бројот 44. Во професионалната кариера постигна вкупно 25.192 поени (27 по натпревар), забележа и 5.366 скока и 6.238 асистенции.

Логото на НБА, кое е познато во целиот свет, е силуетата на легендарниот Џери Вест.

НБА лигата, во далечната 1969 година го ангажираше познатиот дизајнер Алан Сигл да креира ново лого. Сигел, претходно работел на логото за бејзбол лигата МЛБ, поради што и бил ангажиран од тогашните лечници на НБА.

Сигл прегледал илјадници и илјадници форографии, сè додека не налетал на една фотографија на Вест во дресот на Лејкерс. Во тој момент ја донел конечната одлука да ја искористи таа фотографија за офоцијалното лого на НБА лигата.

Значи сѐ било едноставно. Му се допаднала фотографијата, го одбрал Вест, а не во тоа време најголемата ѕвезда Бил Расел со неговите 11 прстени.

„Тоа е многу елегантна, моќна претстава на кошарката. Тешко е графички да се направи нешто што е толку статично. Да се постигне таа тензија во движењата и грациозноста. Многу е тешко, мораше да биде едноставно. Мораше да биде силно. Динамично. Да ги има сите тие елементи“, ја објасни Сигл својата одлука.

Од тогаш до денес, силуетата на Џери Вест е препознатлива за милиони фанови ширум светот.

Remote video URL

Инаку, во последните години, во САД се води дебата дали логото треба да се смени за да му се овозможи на Коби Брајант да го заземе тоа место. Вест, кој како генерален менаџер на Лос Анџелес Лејкерс, го донесе во тимот Коби Брајант, неколку пати нагласи дека дека тоа нема да му пречи.

Тагови
реклама

Девојка прегазена на пешачки премин пред „Дајмонд мол“ во Скопје

Read more

Украинците се повлекоа од Русија, објавена е снимка: Тоа беше како хорор филм

Read more

Осомничен за пожарот во Кочани: Ние сме херои, спасивме 200 луѓе останавме до последен момент во огнот

Read more

Тошковски: Лицето кое ракувало со пиротехничките средства загинало во пожарот

Read more

Кошарка

Дончиќ маестрален во победата на Лејкерс над Санс

Read more

Дончиќ со рекорден број поени за Лејкерс, Кари испиша историја со бројот на тројки

Read more

Халибартон постигна кош на годината: Тројка за 4 поени и тоа преку Јанис

Read more

Пиров трипл-дабл на Дончиќ, Јокиќ го совлада најдобриот тим во лигата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ маестрален во победата на Лејкерс над Санс

Читај повеќе

Во пожарот во Кочани загина фудбалерот на Шкупи Андреј Лазаров

Читај повеќе

Гризман ќе го напушти Атлетико

Читај повеќе

Анчелоти се закани: Последен пат играме ваков натпревар

Читај повеќе

Шпански новинар: Модриќ може да му држи приватни часови на Мбапе

Читај повеќе
  • play_arrow

Ника Превц постави светски рекорд во ски-скокови

Читај повеќе

Алими: Ме чека 30 часа пат, но ќе го дадам максимумот за Македонија

Читај повеќе

Црвена звезда јубилејниот роденден ќе го прослави во жолти дресови

Читај повеќе

Кратка приказна за комунистот што играше за клуб со навивачи фашисти

Читај повеќе