Како влијае физичката активност на машкото здравје?

Тренингот е добар за здравјето на мажите, го подобрува и расположението, но има уште една важна придобивка- особено е добар за сперматозоидите.

Новото истражување покажува дека мажите коишто редовно вежбаат имаат подобро ниво на сперматозоиди од оние коишто не вежбаат.

За потребата на ова истражување научниците зедоа примероци од стотина мажи кои се донатори на сперма.

Се испостави дека оние коишто имаат одлично ниво на концентрација на сперматозоиди тренираат редовно и немаат проблеми со машкото здравје.

„Редовниот тренинг ги подобрува параметрите на квалитетот на спермата кај здравите мажи коишто немаат проблеми со плодноста“, вели коавторот на студијата д-р. Џи Шин Ванг од Медицинскиот колеџ на Универзитетот во Вухан.

Иако е јасно дека вежбањето има добро влијание на сперматозоидите, научниците сè уште не можат да кажат колку на мажите им е потребно да вежбаат, ниту кој вид на тренинг е најдобар за оптималното здравје на сперматозоидите.

„Физичката активност помага и во одржување на здрава телесна тежина, што е важно за здравјето на сперматозоидите“, истакнува урологот д-р. Али Дабаџа.

Доколку имате многу телесни маснотии, ќе имате и многу оксидативен стрес во телото, рече урологот.

Вежбањето не е лек за неплодност, но доколку се обидувате да имате бебе, а немате здравствени проблеми со плодност, со редовната физичка активност може да ги зголемите шансите.

реклама

Фит

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе