Како вулканските ерупции создаваат молњи?

Неодамнешните откритија фрлаат светлина врз сложените процеси зад вулканските молњи.

Кока чилеанскиот вулкан Калбуко оживеа со татнеж во април 2015 година, експлодираше без поголемо предупредување. Облак од пепел се издигна во атмосферата на височина од 23 километри, предизвикувајќи спектакуларна бура која произведе илјадници громови.

Иако највисоките и најсилните вулкански ерупции ги произведуваат најсветлите феномени, секоја вулканска ерупција не предизвикува молњи. Научниците штотуку почнуваат да ги разбираат многуте сложени процеси кои одредуваат кои ерупции го прават тоа.

Силата на ерупцијата и присуството на вода играат значајна улога. Истражувањето за неодамнешните ерупции во Алјаска и Индонезија разјасни како мразот може да биде вклучен во создавањето молња. Сè уште не е јасен точниот дел од мразот и пепелта што е потребен за создавање молња. Истражувачите продолжуваат да ги следат поголемите ерупции во потрага по одговори.

КАДЕ: Лос Лагос, Чиле

КОГА: април 2015

КАРАКТЕРИСТИКИ: Вулканот Калбуко еруптираше во април 2015 година во две почетни фази, еруптирајќи за првпат од 1972 година. Живописните детали од експлозијата богата со молњи ги фотографирал фотографот Франсиско Негрони.

Како вулканските ерупции создаваат молњи?

1. Магмата се распаѓа

Како што магмата се издигнува на површината на вулканот, водата во неа брзо се претвора во пареа, која ги распаѓа стопените карпи на ситни парчиња. Ова создава наелектризирани честички во најраната фаза на ерупцијата.

2. Честичките се судираат

Додека облакот од пепел се распрснува во атмосферата, густо набиените честички се судираат. Тие од триењето примаат и ослободуваат електрони и добиваат електричен полнеж.

3. Наелектризираните честички се одвојуваат

Внатре во облаците, позитивно наелектризираните честички почнуваат да се одвојуваат од негативно наелектризираните честички, што резултира со нерамнотежа на полнежот што создава доволно силно електрично поле за да предизвика молња.

4. Водата замрзнува

Ако облакот се издигне доволно високо во атмосферата, ќе се формира мраз. Облаците богати со вода произведуваат повеќе ледени кристали. Кога се судираат мраз, град и суперизладени капки, фреквенцијата на молњите вртоглаво расте.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе