Како забрзува Audi RS6 C8 до неверојатни 300 км/ч?
Со 4,0-литарски V8 битурбо мотор од 600 коњски сили и максимален вртежен момент од 800 Nm под хаубата, новиот Audi RS6 C8 е еден од најбруталните каравани што може да ги сретнете.
Во комбинација со quattro погонот, од 0 до 100 км/ч стигнува за само 3,5 секунди и не застанува до максимални 300 км/ч.
Ова видео на AutoTopNL покажува како звучи и изгледа забрзувањето на ова моќно Audi на отворен пат.