Како Zoom стана најпопуларна апликација во пандемијата?

За време на пандемијата на COVID-19, популарноста на апликацијата за видеоконференции Zoom значително се зголеми, од 10 милиони дневни корисници во декември 2019 година на 300 милиони во април 2020 година.

Само од јануари до април, на оваа платформа имаше две илјади милијарди минути во видеоповици.

Благодарение на Zoom, работењето можеше да продолжи за време на пандемијата и мерките за затворање, но апликацијата стана и посредник во одржување владини состаноци, кулинарски курсеви, ликовни работилници, обуки и божикни забави.

Во конкуренција на Apple, Google, Microsoft и Facebook, Zoom се искачи на врвот, а причината е неговата пристапност, кон која треба да се стремат сите технолошки производи, пишува британскиот весник Independent.

Zoom е бесплатна платформа, за разлика од апликацијата FaceTime на Apple, која може да ја користат само сопствениците на скапите уреди на Apple. Zoom исто така не бара корисникот да има профил, како што е случајот со апликацијата Google Meet.

Facebook не се користи за деловно работење, а WhatsApp, апликација во сопственост на Facebook, не е направена за користење на компјутер. Во споредба со апликацијата Skype на Microsoft, Zoom е полесна за употреба, особено за оние кои не се многу вешти во користењето компјутер.

Сите овие фактори ја направија Zoom многу популарна, иако нејзиниот пат кон врвот не помина без проблеми.

Фактот дека апликацијата е лесна за употреба стана меч со две острици – хакерите можеа лесно да најдат мрежни состаноци на Zoom и да слушаат, па дури и да ги вознемируваат учесниците.

Затоа британската агенција за борба против криминалот и американското Федерално биро за истраги издадоа предупредувања и совети за безбедни видеоповици, а Zoom воведе дополнителни мерки за заштита од поединци со задни намери.

Работата од дома за време на пандемија натера многу компании да користат апликации како што е Zoom за да се справат со вработените. Тој тренд веројатно ќе продолжи и во 2021 година, па дури и подолго - смета професорот на бизнис школата на Харвард, Рај Чодри, експерт во практиката на теле-работа.

Популарноста на овој софтвер за видеоповици може да ослабне кога пандемијата ќе помине, бидејќи вредноста на нејзините активности се намали кога се направи вакцината против коронавирус.

„Како и да е, Zoom е направен за отсега па натаму. Имаме платформа што го поддржува она што му треба на светот денес, утре и далеку во иднината“, изјави директорот на Zoom во Велика Британија и Ирска, Фил Пери, за Independent.

Zoom може да се сочи со сериозна конкуренција, особено од апликацијата Teams на Microsoft наменета за комуникација помеѓу пријателите и семејството, но и за деловни цели. Оваа апликација веќе расте: од 44 милиони дневни корисници во март 2020 година, на 115 милиони во октомври. Ако пандемијата покажа нешто, тоа е дека иднината е неизвесна, но Zoom засега е во водство, пишува британскиот весник.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Софтвер

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more

Microsoft ја укинува поддршката за Android апликациите на Windows

Read more

Apple казнет со 1,8 милијарди евра за кршење на правилата за стриминг

Read more

Корисниците на Windows 11 сега можат да ги користат мобилните како веб камери

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе