11.октомври 2019
Како звучеа химните на Словенија и Македонија на „Тоше Проески“
Синоќа спектакл приредија нашите фудбалери со победата од 2:1 над Словенија, но одлично помина и церемонијата на интонирањето на двете химни проследено со песна од навивачите.
Најпрво околу петстотини грла ја испеаја „Здрављица“, химната на Словенија, а потоа сѐ уште не наполнетата Арена „Тоше Проески“ во еден глас гласно ја запеа „Денес над Македонија“.
Одамна на фудбалски натпревар не се отпеала толку добро нашата химна, а за тоа најзаслужна е публиката која дојде во голем број. Штета што многумина закаснија, ќе се пееше уште погласно.
-->
Коментирај