Ако некогаш сте си го поставиле ова прашање, сега конечно можете да го добиете одговорот.
Секако, се работи за видео, бидејќи веројатноста некој од нас да добие шанса да седне зад воланот на најспецијалната Alfa во поновата историја е неверојатно мала.
Италијанскиот производител сега објави видео од патеката Нардо, каде болидот Alfa Romeo 33 Stradale беше подложен на бројни динамички тестови.
И додека тимот се занимаваше со „динамички параметри како што се аеродинамиката, температурата на моторот, звучната изолација“, најголемото задоволство секако беше ловот за максимална брзина. На патеката долга 12,6 километри, автомобилот ги тестираше своите максимални можности во однос на брзината и забрзувањето.
Тука пред сè мислиме на спринтот до 100 км/час што го постигнува за помалку од 3 секунди, но и максимумот кој официјално е 333 км/час.
Да потсетиме, сето тоа го овозможува 3.09 V6 твинтурбо моторот кој произведува над 620 КС, а во комбинација со осумстепениот автоматик ги придвижува задните тркала. Да кажеме и дека овие тестови потврдија дека растојанието за сопирање на оваа Alfa при 100 км/час е одлични 33 метри. Ќе бидат произведени 33 примероци, а сите се продадени по цена од околу 1,7 милиони евра.
Во нашата ГАЛЕРИЈА погледнете ја „ѕверката“Alfa Romeo 33 Stradale од секој агол.