Samsung Galaxy S21 и S21 Plus имаат исти камери како и нивните претходници, а тоа нема да биде случај со новата генерација на смартфони.
Моделите S20 и S21 имаа главна камера од 12 MP и 64 MP модул за зумирање. Големите пиксели на главната камера овозможија квалитетни фотографии, снимање без зумирање и снимање на 8К видеа.
Galaxy S22 и S22 Plus ќе имаат главна камера од 50 MP, ултраширока од 12 и телефото модул од 12 MP со 3х оптички зум.
Додека да пристигне S22 серијата, Samsung би можел да ја воведе третата генерација на GN сензори.
Според последните информации, селфи камерата нема да се наоѓа под екранот, а уредот нема да има 3D ToF сензори. Galaxy S22 и S22 Plus нема да имаат перископски камери.