Какви последици по здравјето имаат луѓето кои прележуваат COVID-19?
Иако сè уште сме во раната фаза на пандемијата со COVID-19, научниците се обидуваат да дознаат кои долготрајни последици остануваат кај луѓето кои ја прележале болеста.
Од оштетени бели дробови до заболувања како дијабетес и Алцхајмер, сè уште е рано да се даде стручно мислење дали станува збор за долготрајни последици или минливи периоди по кои организмот ќе закрепне.
Во новото видео на SciShow Хенк Грин дава осврт на оваа тема со резултати од истражувања направени досега за COVID-19. Факт е дека болеста влијае на целиот организам и додека некои луѓе целосно закрепнуваат, други минуваат низ долг процес на заздравување со потенцијал за долготрајни последици од болеста.