Какви промени воведува ЕУ за европската возачка дозвола?

Предлогот за нови правила за возачки дозволи се расправаше во Европскиот парламент.

Предложената директива на Европската Унија предвидува воведување единствена дигитална возачка дозвола, задолжителни здравствени прегледи за возачите на секои 15 години и построги правила за младите возачи.

Според предложените нови правила, возачите почетници ќе мора да поминат најмалку двегодишен пробен период во кој ќе подлежат на одредени ограничувања, возачките дозволи за мотоцикли, автомобили и трактори треба да важат 15 години, а за камиони и автобуси за пет години.

Европратениците, исто така, се согласија дека од возачите треба да се побара самостојно да ги проценат своите физички и ментални способности при издавање или обновување на возачките дозволи и дека членките на ЕУ треба да одлучат дали сакаат да ја заменат оваа самопроценка со лекарски преглед, вклучувајќи минимални стандарди за проверка видот и кардиоваскуларната состојба. Тие го поддржаа и воведувањето на дигитална возачка дозвола која ќе биде достапна на мобилен телефон и ќе биде идентична со физичка возачка дозвола, соопшти Европскиот парламент.

Тие не го поддржаа предлогот на Комисијата за скратување на рокот на важност на возачките дозволи за постарите граѓани бидејќи сакаат да избегнат дискриминација и да им го гарантираат правото на слобода на движење и учество во економскиот и општествениот живот.

За да се надомести недостигот од професионални возачи, претставниците одлучија да им дозволат на 18-годишниците да добијат дозвола за управување на камион или автобус со капацитет до 16 патници, со услов да поседуваат потврда за професионална квалификација.

Во текстот се предлага дури и на 17-годишниците да им се дозволи да добијат дозвола за управување со автомобил или камион, придружувани од искусен возач, се додава во соопштението.

Претставниците бараат возачите да бидат поподготвени за реални ситуации и свесни за ризиците, особено кога станува збор за ранливите групи во сообраќајот, како што се пешаците, децата, велосипедистите и корисниците на електрични скутери. Оттаму сметаат дека тестовите за возачка дозвола треба да опфатат возење во снежни и лизгави услови, мртви точки, системи за помош на возачот, безбедно отворање на вратите на возилата за да не се загрозат другите учесници во сообраќајот.

Потпретседателката на Европската комисија Дубравка Шуица посочува дека се работи за пробен период за возачи почетници, дигитална возачка дозвола на Европската унија, нов систем за размена на возачки дозволи од трети земји и олеснување на јазичните барања за апликантите од други земји.

„Податоците за возачите ќе бидат полесно достапни. Она што е особено важно е дека ако направите прекршок во една земја, ќе бидете санкционирани во друга земја членка“, забележува Марко Шоштариќ од хрватскиот Факултет за сообраќајни науки.

Задолжителните лекарски прегледи на секои 15 години се сметаат за контроверзни.

„Не можеме да прифатиме задолжителни медицински прегледи, особено ако се однесуваат само на возраста, а не на објективни здравствени проблеми, а особено ако тоа е единствениот начин да се види дали некој е способен да вози или не“, рече Елжбиета Катаржина Лукачијевска, член на Европскиот парламент (ЕПП).

„Намерата не е да се казнуваат возачите, туку да се заштитат сите нас кои користиме јавни површини. Како можеме да ја оправдаме идејата дека нашите возила мора да поминуваат редовни тестови, а возачите не? праша Доминик Рике, француски пратеник во Европскиот парламент (Renew).

Едно од клучните прашања е безбедноста на младите возачи, па за нив се предлага пробен период од две години.

реклама

Прегазени двајца малолетници на „Партизанска“ во Скопје

Read more

Објавена првата голема временска прогноза за летото: Што нѐ очекува?

Read more

Сијарто: Случајот со Северна Македонија е типичен пример за двојните стандарди на ЕУ

Read more

Италија се откажа од Starlink поради Маск

Read more

Авто новости

Прв поглед на новиот Alfa Romeo Stelvio

Read more

Mercedes има нови несекојдневни работници

Read more

Новата генерација на микро автомобили ќе се составува како мебел на IKEA

Read more

Кој е најскапиот автомобил некогаш изложен на Саемот во Белград?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Прв поглед на новиот Alfa Romeo Stelvio

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Mercedes има нови несекојдневни работници

Читај повеќе
  • filter

Новата генерација на микро автомобили ќе се составува како мебел на IKEA

Читај повеќе
  • filter

Кој е најскапиот автомобил некогаш изложен на Саемот во Белград?

Читај повеќе
  • play_arrow

46.000 Cybertruck возила на Tesla повлечени во САД

Читај повеќе

И Audi се откажува од плановите за целосна електрификација

Читај повеќе
  • filter

Кинескиот MG4 е голем хит во Европа, доаѓа и нова генерација

Читај повеќе

Toyota  ќе рециклира, обновува и реупотребува стари автомобилски делови

Читај повеќе

На Маск му се удри од глава поддршката за Трамп: Се распродаваат акциите на Tesla

Читај повеќе