Какви се цените на горивата на Балканот и низ Европа?

Според податоците на Државниот завод за статистика, цената на моторниот бензин е намалена за 1,6 отсто на месечно ниво, а зголемена за 65,4 на годишно ниво, додека цената на дизелот е намалена за 2,6 проценти на месечно, а зголемена за 50,7 проценти на годишно ниво.

Нафтените деривати од полноќ поскапија од два до два и пол денари, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика. Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапија за два денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари. Новата цена на Еуросупер БС-95 е 75,5 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 се продава по цена од 77,5 денари за литар. Дизелот од полноќ чини 67,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство 67 денари. Мазутот поскапи за 1,630 денар/килограм и согласно новата одлука на РКЕ ќе чини 42,761 ден/кг.

Новото поскапување на нафтените деривати, од РКЕ го објаснуваат со зголемувањето на цените на нафтата на светските берзи во изминатите седум дена.

Во секој случај, зголемувањето на цената е добра можност да се споредат цените на автомобилското гориво со другите европски земји. Во анализата на Index.hr користени се податоците на специјализираната страница Tolls.eu, која пак користи податоци од веб-страницата на Европската комисија и страниците на различни европски синџири на бензински пумпи.

Трите категории на автомобилско гориво што се споредуваат се бензинот (Еуросупер 95), дизелот и течниот нафтен гас (ТНГ). Цените се во евра од 7 октомври, што се најновите достапни податоци.

Бидејќи овие записи не ги вклучуваат Босна и Херцеговина, Србија и Албанија, ги најдовме цените за нив (заклучно со 4 октомври) на специјализираната страница Cargopedia.net.

Македонија најевтина, најскапа Италија

Хрватска е меѓу најскапите во однос на цената на бензинот (1,47 евра) и дизелот (1,45) - поскапи се само Албанија и Италија, каде што бензинот чинеше просечно 1,69 евра на 7 октомври, и дизелот 1,54.

Најповолни меѓу земјите во регионот се Македонија (1,13 евра бензин, 0,99 дизел) и Босна и Херцеговина (1,17 бензин, 1,15 дизел).

Извор: Index.hr

Што се однесува до остатокот од Европа, горивото е убедливо најприфатливо во Турција - 0,74 евра за литар бензин и 0,68 евра за литар дизел. Исто така е доста поволен во Молдавија, Украина, Бугарија, Романија и Полска.

Најскапи се во Холандија (1,86 за литар бензин) и Данска и Норвешка (1,77). Следат Словенија (1,28 евра бензин, 1,35 дизел), Австрија (1,34 бензин, 1,31 дизел), Чешка (1,46 бензин, 1,29 дизел) или Луксембург ( 1,4 бензин, 1,33 дизел).

Извор: Index.hr

Се разбира, причините за зголемувањето на цените на горивата се глобални, како и самиот раст. Тоа е комбинација од неколку фактори: нарушување на синџирот на снабдување поради пандемијата, опаѓање на залихите, зголемување на побарувачката со завршување на заклучувањето, недоволен капацитет на зелени извори на енергија, почеток на грејната сезона, потоа пониско производство на дизел и други фактори.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе