Камерите ги побија зборовите на Алвес - Шпанците детално го опишаа силувањето

Бразилскиот дефанзивец Дани Алвес е приведен поради тоа што неколкупати ја промени изјавата откако беше обвинет за силување девојка, а шпанските и бразилските медиуми објавија нови детали за случајот со ова тешко кривично дело.

Алвес првично рекол дека ништо не се случило меѓу него и девојката и дека воопшто не ја познава, а откако бил уапсен и дал изјава во полиција, дал двa нови и различни искази.

Прво изјавил дека девојката случајно ја затекнал во тоалетот на ВИП делот на клубот и дека немало никаков контакт меѓу нив, додека во вториот исказ, откако се појавиле видеата, истакнал дека во тоалетот на клубот имал секс со девојката, со нејзина согласност.

Снимката од надзорните камери е клучен доказ во истрагата, бидејќи покажува дека Бразилецот и жртвата на нападот 15 минути биле истовремено во тоалетот, пренесува шпански Periodico.

URL

„Во клубот ја фатил цврсто за раката и барал да го фати за меѓуножјето. Тоа го направил двапати, и покрај тоа што таа му се спротивставувала. Алвес потоа ја фатил за рака и ја одвлекол во тоалетот. Оттаму таа се обидела да побегне, но Алвес ја затворил вратата и ја спречил во тоа. Жртвата изјавила дека Алвес ѝ го подигнал фустанот, побарал да каже дека е неговата 'мала курва' и ја принудил да седне врз него. Потоа ѝ удрил шлаканица, ја фрлил на под и пенетрирал во неа додека не ејакулирал. Потоа ѝ рекол да почека додека тој не излезе од тоалетот“, тврди Periodico од свои извори.

За потсетување, Даниел Алвес да Силва се соочува со затворска казна од 4 до 12 години доколку на судењето биде прогласен за виновен.

реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Фудбал

Ветеранот Миура се врати во Европа - како изгледа играње фудбал на 55 години?

Read more

Кејн стана најдобар стрелец во историјата на Англија

Read more

Шок во Минхен: Баерн го отпушти Нагелсман и го ангажира Тухел

Read more

Елмас: Најважно е што победивме

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ветеранот Миура се врати во Европа - како изгледа играње фудбал на 55 години?

Читај повеќе

Пролет е сензацијата во ракометниот Куп на Македонија

Читај повеќе
  • play_arrow

Кејн стана најдобар стрелец во историјата на Англија

Читај повеќе

Шок во Минхен: Баерн го отпушти Нагелсман и го ангажира Тухел

Читај повеќе

Елмас: Најважно е што победивме

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трипл-дабл во кариерата за Инграм, со совршена игра испиша историја

Читај повеќе

Дибала ќе го тужи Јувентус за повеќе од 50 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси игра мал фудбал во новата хит реклама

Читај повеќе

Барди: Многу е важно да почнеме со победа

Читај повеќе