ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Камерун повторно во војна со ФИФА поради дресовите

Дваесет години откако сакаше на Мундијал да игра во речиси одбојкарски дресови, Камерун повторно се кара со ФИФА за опремата.

Селекторот на репрезентацијата на Камерун, Ригобер Сонг, го објави списокот на играчи на кои смета за претстојното Светско првенство во Катар, но фудбалската федерација на оваа африканска земја би можела да биде во сериозни проблеми.

Имено, Камерун се пласираше на Мундијалот во опрема на француската компанија Le Coq Sportif, со која имаше договор до крајот на 2023 година. Но, првиот човек на камерунската федерација, славниот Самуел Ето, одлучи еднострано да го раскине договорот.

Во меѓувреме, договори соработка со американската компанија One All Sport, па Французите го тужеа Камерун на суд, а потоа иницираа спор со Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Очекувано, судот и ФИФА одлучија дека производителот на опремата е во право и дека Камерунците мора да играат на Мундијалот во досегашните дресови. Но, Ето сепак организираше презентација на нов комплет дресови од американската компанија.

Тој тука и не застана. Камерунците синоќа одиграа пријателски натпревар против Јамајка (1:1) со играчи од домашното првенство, а на таа средба играчите на теренот излегоа во опрема на американскиот One All Sport.

Челниците на Камерунската фудбалска федерација дефинитивно ја испровоцираа ФИФА, па нивната селекција може да претрпи одредена суспензија.

Сега се очекува реакцијата на ФИФА, па останува да видиме дали ќе бидат казнети пред или по Мундијалот.

Не е прв пат Камерун да се замери со ФИФА околу дресовите, поточно трет пат. Имено, пред точно 20 години на Африканскиот куп на нации Камерунците настапија во дресови без ракави, налик на одбојкарските, па ФИФА им забрани со истите да играат и на Мундијалкот во Јужна Кореја и Јапонија истата година. Камерунците се налутија, па на дресовите им додадоа црни ракави за да не се приметуваат на нивните црнокожни играчи. Истиот производител, Puma, две години подоцна им направи едноделни дресови за Африканскиот куп на нации 2004, што ФИФА веднаш ги забрани нагласувајќи дека фудбалските дресови мора да имаат одделни шпорцеви и маици.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе