Камп-приколка како врвен луксуз: Porsche прави чуда

Засега е концепт, но голема е веројатноста наскоро да се појави во продажба.

Концептот на футуристички дом на тркала носи совршена комбинација на дизајнот на Porsche и искуството со најпознатиот производител на кампери, легендарниот Airstream.

Станува збор за концепт на камп-приколка наменет за помали теренци ако ги гледаме американските, а сосема пристојни ако ги гледаме европските вкусови. Практично гледано, тоа е дом на тркала кој со својот стил го надополнува сето она што значи премиум SUV од калибарот Porsche Cayenne или претстојниот електричен Macan.

Има пет метри во должина и нуди прилагодлив внатрешен дизајн кој предвидува повеќе функции. Задниот крај може да биде целосно отворен, што буквално ја поврзува дневната соба со околината. Навечер, кога е затворен, истиот простор станува спална соба. Камперот е комплетно опремен, кој вклучува чајна кујна со сите апарати, бања и простор за складирање.

Покрај рендерите, создаден е и модел на камперската приколка во размер 1:3, кој ќе биде изложен на саеми низ Америка.

За можноста за масовно производство, извршниот директор на Airstream рече: „Иако нашите концептни дизајни не секогаш се појавуваат на пазарот, лекциите и иновациите што доаѓаат од нив честопати влијаат на сегашните и идните дизајни додека тие се пробиваат во нашите мејнстрим производни линии.“

Со други зборови, доколку овој концепт не заживее во сериското производство, сигурно е дека бројни решенија, па дури и дизајнерскиот израз, на некој начин ќе се вградат во идните производи.

На пример, ова е првиот производ на Airstream дизајниран да се вклопи во стандардна гаража. За време на транспортот, вкупната висина е 2,1 метри, што го прави компатибилен со повеќето гаражни врати. Кога се користи, покривот е подигнат, што ослободува дополнителен простор.

Што се однесува до цената, добар репер е Airstream Bambi со слични димензии, чија цена во Америка започнува од 59.300 долари.

Remote video URL
реклама

Концепти

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Read more

Поблиску до ѕвездите со концептот Chrysler Halcyon

Read more

Hyundai на 4 нозе: Електромобилот изгледа како од филм, но производителот има сериозни планови

Read more

Porsche 911 Turbo S на TechArt развива 790 КС

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе