УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Капитенот Рамос има ковид и го пропушта Ливерпул

Главниот мотиватор во кралскиот клуб отпадна за реваншот против „Црвените“ во Лигата на шампионите откако излезе позитивен на тестирањето за COVID-19.

Реал Мадрид утре вечер против Ливерпул го игра реванш натпреварот од четвртфиналето, но ќе мора да издржи пеколни 90 минути без својот капитен Серхио Рамос. Тој доби позитивен тест за коронавирусот и денеска не отпатува со тимот за Островот. Ова го потврди самиот клуб.

„Реал Мадрид соопштува дрека нашиот играч Серхио Рамос излезе позотивен на COVID-19 на последното тестирање кое беше направено“, кратко објави кралскиот клуб.

URL

Поради повреда Рамос не играше ниту на првиот натпревар кој тимот на Зинедин Зидан сепак успеа да го добие со 3:1, но голот примен дома е искрата на надеж која ја гледа Јирген Клоп бидејќи победа од 2:0 утре би била сосема доволна за Ливерпул да се најде во полуфиналето.

Она што сега следува за 35-годишниот дефанзивец е 10-дневна изолација согласно ковид-протоколите. Тој ќе може да се врати на тренинзите откако ќе добие негативен тест. Со оглед на тоа, ќе ги пропушти и наредните два натпревара од Ла Лига против Хетафе и Кадис.

Реал утре ќе биде и без повредените Еден Азар и Лукас, како и Рафаел Варан кој е исто така позитивен.

Натпреварот почнува во 21 часот, а ќе го суди холандскиот арбитар Бјерн Кујперс.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе