Карагер: Обамејанг е премногу добар за Арсенал

Поранешниот дефанзивец смета дека е време „Топчиите“ да го ослободат габонскиот голгетер бидејќи едноставно тој е премногу добар за да игра во паднатиот Арсенал.

Џејми Карагер целата кариера ја мина во редовите на Ливерпул и искусил многу различни сезони. Ситуацијата со Пјер-Емерик Обамејанг во Арсенал му е и тоа како позната бидејќи се соочил со слична и тоа во неколку наврати.

„Кон крајот на мојата кариера често пати бевме во ситуација кога бевме вон првите четири. Добро е да се потенцира дека се има правила и дека не се остава играчи да си заминуваат според Босман правилото, но доколку сум на местото на Микел Артета би размислил: 'Би имале ли повеќе шанси да се избориме за Лигата на шампиони ако Обамејанг остане по цена наредната година да го загубиме за џабе?'“, вели Карагер.

Арсенал мака мачи да се врати на позициите кои водат во Лигата на шампионите, а голгетер од калибарот на Обамејанг не сака да игра за клуб кој не е дел од нјадоброто континентално натпреварување.

„Тоа е одлука кога ќе треба да ја донесат. Во моментов, нема дилеми: Обамејанг е премногу добар за Арсенал. Тоа ни се случи неколку пати во Ливерпул со Луис Суарес и со неколку други играчи кои едноставно си очаен за да ги задржиш“, смета пензионираниот дефанзивец.

Статистиката на Обамејанг сезонава во сите натпреварувања

Обамејанг наредното лето ќе може без проблем да си замине од лондонскиот клуб бидејчи неговиот договор трае до јуни 2021 година. Токму затоа тренерот Артета размилсува дали летово да проба да заработи нешто на него или пак да го чува за тимот не биде ослабен.

„Си мислиш дека сакаш тимот да го градиш околу тој играч, па ако тој си замине имаш чувство дека треба да почнеш од почеток. Тоа е проблемот со кој се соочуваш кога се обидуваш да се вратиш помеѓу првите четити, нешто што Арсенал сега пробува да го направи“, рече Џејми за Sky Sports.

Арсенал е дури 9-ти на табелата во Премиер лигата со 8 бодиви заостанување зад Челси кој ја држи последната позиција која води во Лигата на шампиони.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Фудбал

Роналдо го сотре бившиот клуб

Read more

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Read more

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Read more

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Read more
 

Спорт

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе

Салцбург се израдува на испаѓањето на Арсенал - му донесе пласман на клупскиот Мундијал

Читај повеќе

Нојер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Читај повеќе
  • play_arrow

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Читај повеќе

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Читај повеќе