Каракачанов објави листа на македонски политичари кои се декларирале како Бугари

Нов предизиборен антимакедонски испад на бугарскиот премиер Красимир Каракачанов во обид да си го зголеми пренискиот рејтинг кај бугарските гласачи.

Утринава на својот Facebook профил објави список на македонски граѓани, меѓу кои и политичари, за кои вели дека имаат право на глас на претстојните избори бидејќи се бугарски државјани. А, бугарско државјанство извадиле врз основа на докажано бугарско потекло, и според тоа, тој вели дека самоиницијативно се определиле дека се етнички Бугари.

„Над 120.000 граѓани на Република Северна Македонија се и бугарски граѓани и имаат право да гласаат на претстојните парламентарни изборни. Во избирачките списоци се запишани сите бугарски граѓани со право на глас. Деновиве пребарував по сајтовите на бугарските општини и открив многу интересни имиња на луѓе од Македонија, кои се здобиле со бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло и со тоа се самоопределуваат како етнички Бугари“, пишува Каракачанов.

Објави и дел од имињата, за кои, сепак, наведува дека можеби и се случајно идентични како некои политичари во Македонија.

„Меѓу некои на имињата на кои наидов се на пример:
Александар Николоски - запишан во реонот Средец - Софија, 
Антонио Милошоски - запишан во реонот Взраждане - Софија,
Александар Пандов - Средец,
Петар Богојески - Обориште,
Филип Петровски - Средец.
Има уште многу други, па секој што сака може сам да провери како за себе, така и за секоја друга личност, било од Македонија или не“, додава.

Над 120 000 граждани на Република Северна Македония в качеството си и на български граждани ще имат право да гласуват на...

Posted by Красимир Каракачанов on Wednesday, March 10, 2021

На објавата на бугарскиот премиер реагираше ВМРО-ДМПНЕ:

„ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира лагите кои Красимир Каракачанов ги објавува на својот Facebook профил. Ниту еден од посочените функционери на ВМРО-ДПМНЕ нема бугарски пасош, што само покажува дека неговата денешна објава е класична лажна вест“, соопшти македонската опозициска партија.

„Очигледно дека Каракачанов воден од својата антимакедонска политика има за цел да оцрнува и да фабрикува невистини против функционери на ВМРО-ДПМНЕ и против партијата, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија во Македонија која остро се спротивставува на неговите негации на македонскиот јазик, македонскиот народ, македонскиот идентитет и македонската историја, се додава во партиското соопштение.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more
 

Вести

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе