Каратистите на „Макпетрол“ освоија седум медали на престижниот „Кроација опен“

Членовите на карате клубот „Макпетрол“ од Скопје викендов учествуваа на престижниот меѓународен турнир „Кроација опен“ во Риека, каде што се закитија со седум медали. Хрватската карате-манифестација на едно место собра над 1700 спортисти од 233 клубови и 21 национална репрезентација.

- На овој навистина силен турнир од интернационален карактер зедовме учество со комбиниран тим. Најзначајно за сениорите беше да направат последен тест на сопствената форма пред да настапат на светското првенство, коешто би требало да се одржи во првата недела од ноември во Дубаи. За јуниорите, пак, ова беше проверка пред европскиот шампионат што е закажан за февруари следната година - изјавија од скопскиот карате клуб.

„Макпетрол“ во Риека отпатува со осум свои претставници, коишто, исто така, се репрезентативци на Македонија. Тие се натпреваруваа во возрасните категории сениори, јуниори и постари јуниори. Заминаа со седум признанија, од кои пет сребрени и две бронзени.

На „Кроација опен“ во сениорска конкуренција боите на клубот ги бранеа Петар Спасеновски, којшто освои сребрен, и тренерот Петар Заборски, којшто се закити со бронзен медал. Во женската сениорска категорија (под 68 килограми) со сребрен медал се здоби Ангела Мојсовска, а дел од натпреварувањето беше и Викторија Јовановска. Дел од јуниорскиот турнир беше и Стефан Стојановиќ (под 76 килограми), којшто се закити со два сребрени медали: еден во јуниорска и еден во категоријата под 21 година. На меѓународниот собир во Хрватска зедоа учество и сениорот Роберто Ацковски, во категоријата под 67, и јуниорот Витомир Трајковски, под 76 килограми.

Освен што освоија медали, каратистите на „Макпетрол“ беа дел и од пет финалиња на овој меѓународен собир. Во категоријата до 84 килограми, финалниот меч на Глигор Петков заврши без поени, поради што имаше судиско изјаснување, кое не беше во полза на македонскиот каратист. Ист епилог имаше и во неговиот меч за трето место.

Викторија Јовановска, пак, оствари три последователни победи, но во обидот за влез во финалето се сретна со најдобрата хрватска каратистка и европски првак, Ана Ленард, а претрпе пораз и во репасажот за бронзениот медал.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе