Картите за ЕУРО веќе во продажба, но само со амин од ФФМ

Филип Здравески
/ 18.05.2021 / 09:06

УЕФА од синоќа ги пушти во продажба картите за натпреварите на Македонија, но веднаш од стартот е вистински хаос нивна набавка за обичниот фудбалски навивач.

Имено, УЕФА на својата официјална веб-страница - дел за билети, објави дека принципот на продажба е „прв дојден, прв услужен“. Но, за да бидете услужени не треба да добиете амин од УЕФА, туку од ФФМ. Картите ќе може да се купуваат до 26 мај заклучно со 14 часот.

„Фудбалската федерација на Македонија ќе доделува кодови за пристап до порталот за билети на УЕФА за оние кои претходно ја контактирале федерацијата за набавка на билет. За повеќе информации и барање за код Ве молиме испратете и-меил на: biljana.velkovska@ffm.com.mk“, тоа е известувањето од УЕФА.

ФФМ воопшто не ни објави дека картите веќе можат да се купат, а од нивната прес-служба само информираа дека приоритет за набавка на билет имаат медицинските лица, одлука која ја најавија во ноември веднаш после пласманот.

Иако според УЕФА картите се пуштени во продажба од 17 мај од Федерацијата сѐ уште немаат објавено ништо на својата веб-страница, па единствените информациите се достапни на УЕФА на следниов линк.

Воедно, од ФФМ информираат дека за натпреварите во Букурешт ќе може да се оди со негативен ПЦР тест и без временско ограничување за престој. Претходно романските власти имаа донесено одлука сите кои доаѓаат со македонски пасош да можат да останат во земјата максимум 3 дена, што значеше дека не може да се поврзат двата натпревара. Сега тоа повеќе не важи.

За третиот натпревар во Амстердам сѐ уште нема информации дали македонските навивачи ќе можат да патуваат во Холандија и доколку можат кои услови ќе треба да ги исполнуваат.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе