Катастрофална вест за Арсенал: Хаверц мора на операција, ја заврши сезоната

Арсенал денеска доби катастрофална вест со деталната проценка на повредата на Каи Хаверц, бидејќи беше потврдено дека сезоната за германскиот голгетер е завршена.

Хаверц се повреди за време на зимскиот камп на „Топчиите“ во Дубаи, му беше оштетена задната ложа, а сега се потврдија најлошите можни вести за Арсенал.

Лондонскиот тим на тој начин ќе остане без својот прв напаѓач до крајот на сезоната, во која повторно се бори за титулата, а дури сега на виделина излезе катастрофалната одлука на управата на клубот да не доведе нов напаѓач во зимскиот преоден рок.

Оваа сезона Хаверц постигна 9 гола и забележа 3 асистенции на 21 натпревар во Премиер лигата, а додаде 4 гола и 2 асистенции во 8 натпревари од Лигата на шампионите.

Арсенал моментално е на второто место на табелата во Премиер лигата со 50 бодови, 6 помалку од лидерот Ливерпул, кој има и натпревар помалку (го игра вечерва против Евертон).

Хаверц е и најдобар стрелец на Арсенал оваа сезона со 9 гола.

реклама

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ

Read more

Митева: Во Скопје само 2 објекта од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Read more

Членките на НАТО кои граничат со Русија се повлекуваат од забраната за противпешадиски мини

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Фудбал

Бугарските легенди Стоичков, Михајлов и Бал'ков собираат средства за настраданите во Кочани

Read more

Црвена звезда и Вардар договорија хуманитарен меч: Сите приходи за погодените од трагедијата во Кочани

Read more

Напаѓачите Ристовски и Ќамили отпаднаа поради повреди, Тошевски доби повик

Read more

Романо: Модриќ има само една желба

Read more
 

Спорт

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Читај повеќе

Бугарските легенди Стоичков, Михајлов и Бал'ков собираат средства за настраданите во Кочани

Читај повеќе

Димитријевиќ ќе го напушти Милано

Читај повеќе

Црвена звезда и Вардар договорија хуманитарен меч: Сите приходи за погодените од трагедијата во Кочани

Читај повеќе

Крај на сезоната за Марко Митев

Читај повеќе

Напаѓачите Ристовски и Ќамили отпаднаа поради повреди, Тошевски доби повик

Читај повеќе

Романо: Модриќ има само една желба

Читај повеќе

Ристовски заминува од Динамо?

Читај повеќе

Голем хендикеп за Барселона: Заврши сезоната за младиот Касадо

Читај повеќе