Катерина Гогова ќе ја промовира третата стихозбирка „Сонцестој“

На 26 април во 19 часот на платото на МКЦ ќе се одржи промоција на третата стихозбирка од авторката Катерина Гогова, насловена „Сонцестој“ и во издание на Книгоиздателство МИ-АН.

Промоторка и рецензентка на книгата е Снежана Стојчевска, а стихови ќе читаат ќе читаат Биљана Стојановска и Елена Митреска.

Во критичкиот осврт Стојчевска го објаснува сонцето како појдовна, но и централна тема во оваа книга, кое е всушност инструмент со кој се мери течението на времето. А пак за сонцестој како природна појава ќе рече дека е мотив од кој произлегуваат двата циклуси во книгата: првиот најкусиот ден во годината „Темницата стои на другата страна“ и вториот „Најдолгиот ден: копнеж за полноќно сонце“.

„Успешно и вешто ги користи игрите на зборови, ритамот и римата. Нејзината поезија има музика во себе, што може да се види од стиховите на најубавата љубовна, а за мене и антологиска песна во оваа книгата „Љубовна“ /за навек си ми,/ паднат архангел/ во огнено тело,/ паган,/ ѕемнеш во слободен пад,/ на небото глад/ за згаснати месечини./... /моите темни зеници/ во твоите очи без сјај,/ дом без адреса,/ верба без бог,/ чиста надеж,/ реликвија./.

Во книгата може да се забележи влијание од истокот, поточно од Кина, не само во песната посветена на Пекинг, туку и во самата поетика која има медитативна, смирувачка моќ и мудрост на старите кинески поети и филозофи, пред се во песните посветени на нејзината сестра која живее таму. Овие песни, полни со мајчинско-сестринска љубов, се всушност најлиричните во книгата. Тоа може да се почувствува во стиховите /Два спротивни краја/ на светот/ тивко си подаваат /бистра вода/ во дланки на/ жени скитнички / (Таа спие) како и во стиховите /Моите гради ти се дом,/ спиј, времето го течам јас./ (Мајчинска). Впечатливи се и неколкуте песни посветени на нејзиниот татко кои ја покажуваат таа нераскинливо силна конекција татко-ќерка.

Гогова со оваа книга докажува дека веќе е зрел, изграден и препознатлив поетски глас. Континуитетот на нејзиниот поетски израз доживува градација и се развива во нагорна линија на квалитет и мајсторлук на поетскиот занает, што го прави читањето на нејзините книги вистинско поетско уживање“, уште вели во рецензијата Снежана Стојчевска.

Катерина Гогова е авторка на стихозбирките „Актите се кастрирани“ (Современост, 2018) и „Пад во немирна вода“ (Дом на култура „Кочо Рацин“, 2018) со која станува десетти носител на признанието „Бели мугри“ за 2018 година кое го доделува Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје.

Избор поезија од книгата

 

Сонце

Осамено ли си во висините,

во секое крваво раѓање?

 

Постојат тајни скриени

што им ги шепотиш на пилотите,

облаци и златни зраци,

светот молчи

дури трепнеш во ветерно море.

 

Остров си жестока нежност,

во некои црвени брегови тонеш

и забораваш време,

сè што имаш е небо за вознес

и венчален прстен околу него. 

 

Допир

Каде ли темниот го крие ликот

дури последната детска сенка

ја допира земјата

од која и оваа пролет

нежно никнат бели цветови?

 

Писмо до татко ми

Склопи ги рацете во молитва.

Имаш тврдина во душата.

 

Од очите ти растат цвеќа

и го чуваат влезот од рајот,

соништата ти се вечност

заробена во човечко тело.

 

Мојата татковина

ме учеше како да те сакам,

писмата до неа

тебе ти ги пишувам. 

 

Привидна далечина

Далеку сум од сè

што може да се нарече светлина,

во овие пресушени дланки

мирува спокојот

со кој светот го врти

последниот круг околу сонцето.

 

Имам само темна страна

или пак законите на вселената

станаа замка

каде невино ми пропаѓа сенката.

 

Сонувам евангелија,

од една до друга вечност тишини,

привидна далечина.

 

Каде се изгуби времето,

кога ли ноќта ја венча за себе

својата црнина?

 

Во среде мракот темнина,

на небото само зрак сјај,

призрак кој краде надеж,

роденден на Венера,

капка вода на Марс,

топлина на месечината.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Книги

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more

Објавена книгата Македонската книжевна жена од Ирина Тумбовска

Read more
 

Магазин

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе