Kawasaki претстави мотоцикл на водород базиран на моделот Ninja H2

Kawasaki официјално претстави мотоцикл кој работи на водород и ги ветува сите предности на традиционалниот мотоцикл со многу помали издувни гасови.

Мотоциклот е заснован на моделот Ninja H2 и го придвижува 1,0-литарски (998 кубика) мотор со компресор, кој е изменет да користи водород наместо бензин. Водородот се вбризгува директно во цилиндрите додека мотоциклот работи на традиционалниот процес на согорување.

Сепак, моторот не е единствената промена, бидејќи мотоциклот доби и канистри со водород, како и систем за снабдување со водород. Овие компоненти се наоѓаат на задната страна и се дизајнирани да изгледаат како бисаѓи.

Kawasaki неодамна го демонстрираше мотоциклот на патеката „Сузука“ за време на трката за издржливост Suzuka 8 Hours Endurance Race. Тоа беше кулминација на неколкумесечната работа на проектот, кој започна во март 2023 година, а тест возењата беа спроведени на почетокот на годинава.

Компанијата соопшти дека мотоциклот обезбедува „чуство на татнеж и пулсирање што возачите го сакаат кога го вртат гасот, додека испушта главно вода и многу мала количина на CO₂“. Дополнително, мотоциклот би можел да ги избегне проблемите со ограничениот домет и долгите времиња на полнење, кои се пречка за електричните мотоцикли.

Иако е прототип, Kawasaki планира да започне со производство на водороден мотоцикл на почетокот на 2030-тите. Сепак, компанијата предупреди дека временските рокови и достапноста може да се разликуваат во зависност од инфраструктурата за снабдување со водородно гориво и правниот статус во секоја земја.

Remote video URL
Тагови
реклама

Мотори

Фински мотоцикл „на струја“ сруши Гинисов рекорд

Read more

Грција сака да ја забрани продажбата на гориво на мотоциклистите што не носат кацига

Read more

EV Fun Concept го најавува првиот електричен спортски мотоцикл на Honda

Read more

Кина создаде ѕвер со 8 цилиндри и 150 КС - ги исплаши Honda и Harley-Davidson

Read more

Автомобили

  • filter

Само осум примероци: Претставен хиперавтомобилот Kode89 со V12 мотор

Читај повеќе

Работник во Tesla би требало да работи 2,5 милиони години за да заработи колку Маск

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзното Ferrari се продаде за 40 милиони долари

Читај повеќе

Побиен еден од најчестите аргументи против електричните автомобили

Читај повеќе

Просечната цена на електричен автомобил сега е пониска отколку на хибриден

Читај повеќе

Mansory подготви два екстремни и уникатни Bugatti

Читај повеќе

Tesla повлекува возила Model 3 и Model Y поради проблем за кој знае од 2024 година

Читај повеќе

Жештината е опасна и за автомобилот: 5 работи на кои треба да внимавате

Читај повеќе

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Читај повеќе