Играчот од средниот ред Каземиро не можеше да ги задржи солзите за време на прошталната церемонија во Реал Мадрид. Триесетгодишниот Бразилец заплака додека се присетуваше на неговите настапи во клубот.
– Тука поминав неверојатни моменти. Заминувам со спомени од последниот трофеј во Лигата на шампионите што го освоивме. Со Модриќ и Крос неизмерно уживав во фудбалот. Сакам да појаснам дека еден ден ќе се вратам да возвратам на љубовта на навивачите, да продолжам да му помагам на овој клуб. И она што го научив овде ми даде сила да продолжам да играм во голем клуб како Манчестер Јунајтед.
Ти благодарам претседателе, со тебе напред, овој клуб ќе има светла иднина и ќе продолжи да победува. Хала Мадрид! – изјави Каземиро.
На 19 август Манчестер Јунајтед го објави купувањето на Каземиро од Реал Мадрид.
Според Transfermarkt, сумата на трансферот изнесувала 70,65 милиони евра.