Kaзна за Англија - два натпревара без публика

УЕФА дури сега ја донесе одлуката за дивеењето на англиските навивачи на финалето од Европското првенство.

Европската куќа на фудбалот донесе одлука Англија да игра два домашни натпревари без публика, од кои вториот натпревар е условен доколку во наредните две години англиските навивачи направат нови проблеми. Воедно, ФА доби и казна од 100 илјади евра.

Казната е резултат на дивеењето на англиските навивачи на финалето од ЕУРО 2020 кога се судрија со полицијата. Поради пандемијата, капацитетот на „Вембли“ беше ограничен, а стотиците гневни навивачи кои останаа без билет се судрија со полицијата пред стадионот обидувајќи се насила да влезат и да бидат сведоци на историското финале на нивната репрезентација против Англија. Мала група дури и успеа да се пробие и да влезе на стадионот, а тепачката продолжи и по започнувањето на натпреварот.

Фудбалската асоцијација тогаш инцидентите ги нарече „тотално неоправдани“ и „срам за англиската репрезентација“.

Инцидентите завршија со 19 повредени полицајци и 49 уапсени навивачи.

Како што е познато, Италија ја соблада Англија на пенали откако натпреварот заврши 1:1.

Наредниот домашен натпревар на Англија е на 12 ноември против Албанија во рамките на мундијалските квалификации, во нема потврда од УЕФА дали казната ќе биде за овој натпревар или за првиот натпревар од новата сезона во Лигата на нации, натпреварување кое е под палката на УЕФА, за разлика од Муандијалот кој го организира ФИФА.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Фудбал

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Read more

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Read more

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Read more

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Read more
 

Спорт

Дончиќ официјално прогласен за најдобар стрелец во НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Читај повеќе
  • play_arrow

Се посрамоти за цел живот: Хрват го изведе најлошиот пенал и тоа во Ла Лига

Читај повеќе

Американците со најдобрите ќе настапат на Олимпијадата во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе
  • play_arrow

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Читај повеќе

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Читај повеќе