Ќе блесне како нова: Трик како да исчистите када за само неколку минути

Чистењето на кадата е една од оние задачи што мора да се прават редовно, со цел да се спречи формирање на мувла, а една мајка откри одличен трик како да го направите тоа на едноставен начин користејќи само три производи - сода бикарбона, оцет и детергент за садови.

Каролина МекКоли сподели видео на својот TikTok профил во кое покажа како се чисти када во неколку брзи чекори, а нејзините совети воодушевија многумина.

Првото нешто кое треба да го направите е да натопите три крпи во оцет и да ги ставите преку славината на кадата за да ги отстраните сите несакани бактерии и нечистотија. Потоа ставете сода бикарбона во одводот и истурете чаша оцет за да го исчистите одводот од остатоци.

Оцетот е вообичаен природен производ што се користи за убивање бактерии и дезинфицирање на површините бидејќи се состои од оцетна киселина, додека содата бикарбона предизвикува растворање на нечистотијата и маснотиите во вода, а може да се користи и за чистење на разни површини и облека.

На крајот, истурете малку сода бикарбона на целата површина на кадата и додадете детергент за миење садови врз содаа бикарбоната, а потоа истријте ја кадата со мек сунѓер. Сѐ добро исплакнете со топла вода, внимавајќи да не остане сапун или пена.

@carolina.mccauley

Make your bathtub sparkle 🛁✨ #cleaningtips #cleaninghacks #satisfyingvideos #homehackswithcarolina #cleaningasmr

♬ Sunday - HNNY
реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе