Ќе се игра народна, грабни стапче, плочка и многу други активности во парк Авионче на 16 јуни

Во недела (16 јуни) од 12:00 до 20:00 часот - паркот „Авионче“ во Ново Лисиче - Општина Аеродром ќе биде претворен во голем забавен парк каде децата ќе можат да си играат, да се натпреваруваат, да другаруваат и да се забавуваат на настанот „МААЛСКИ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ“.

Играњето игри пред маалата и дружењето проследено со детски џагор е сѐ помалку присутно во скопските населби, a во минатото тоа беше препознатлив симбол на маалскиот живот кај скопјани. Модерното време ја донесе дигитализација, децата се оттргна маалата и играта, а тоа придонесе децата сѐ помалку да се социјализираат.

Нашата цел е реафирмирање на маалските игри без граници кои се подзаборавени под налетот на новите технологии и виртуелните електронски игри. Исто така, наша цел е да се промовираат и поттикнат здрави практики преку спортување и дружење, како неопходни квалитативни компоненти во животот на секој човек, особено на децата и младите.

Децата ќе имаат можност да се натпреваруваат во народна, грабни стапче, плочка, влечење со јаже, граница или сакате ли војна. Како дополнителни активности децата ќе имаат можност да се анимираат во еден од шестте воздушни замоци.

Покрај овие активности ќе ни гостува и настанот „FAMILY DAY“ кој ќе овозможи одлична дружба, забавни активности, подароци и изненадувања. На сцената ќе настапат ди-џеј ѕвездата во подем Dj Freeky, оригиналниот и забавен аниматор Gjurcinowsky и најголемата тинејџерска музичка атракција Young Dadi.

Настанот е поддржан од Општина Аеродром, учеството во сите активности е бесплатно и не е потребно претходно пријавување, деталната програма и распоред на активности може да ја најдете на социјалните медиуми www.facebook.com/maalskiigribezgranici или www.instagram.com/maalski_igri_bezgranici/.

реклама

Култура

Гала концерт на отворено Од #MOБ за Скопје

Read more

Шпаркасе Банка АД Скопје и Националната опера и балет заедно веруваат во иднината – потпишан договор за соработка

Read more

Проекција на 7 кусометражни играни филмови во Кинотека

Read more

Стефан Спасовски ја промовира дебитантската поетска збирка „Ќумур смоквин млеч“

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Чад се шири од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора, Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер

Читај повеќе

Пуч во Хеброн или пропаганда: Палестински шеици предлагаат основање емират и признавање на Израел

Читај повеќе

Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Читај повеќе

Граничниот премин Долно Блаце е целосно затворен за влез и излез

Читај повеќе

Земјотрес почувствуван во Валандово и Струмица

Читај повеќе

Полска воведува контроли на границите со Германија и Литванија поради страв од миграција

Читај повеќе

Oд полноќ поскап дизел и поевтин бензин

Читај повеќе

Владата со бесплатни инвитро процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот

Читај повеќе

Прва жртва од пожарите во Скопско

Читај повеќе