Глумицата Кејли Куоко во ново интервју за Variety раскажува како била изненадена и шокирана од одлуката на продуцентот Чак Лори да ѝ стави крај на светски познатата хумористична серија „The Big Bang Theory“.
„Бев шокирана и не ни знаев што зборува. Ме погоди како гром од ведро небо!, раскажува Куоко која во сериајта ја глуми Пени.
Имено, таа заедно со нејзиното поранешно момче Џони Галеки (во серијата – Ленард Хофстадер), биле убедени дека ќе има и 13-та сезона и нашироко разговарале за тоа. Но, еден ден, Лори ги викнал в канцеларија и им соопштил дека Џим Парсонс (Шелдон Купер) одлучил да ја напушти серијата.
Продуцентот потоа им рекол дека проектот не може да продолжи ако еден член на екипата се откаже. Па, имало и плачење, негодување итн.
Глумицата била шокирана од сѐ тоа, но серијата никогаш не доживеа 13-та сезона. Куоко потоа се прослави и со серијата „The Flight Attendant“ (комедија-мистерија), а во мигов го снима филмот „The Man from Toronto“ со Вуди Харелсон покрај неа.