Капитенот на Тотенхем и англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, вели дека сака да освојува трофеи, но во дресот на лондонскиот клуб, пренесуваат британските медиуми.

Кејн има договор со Тотенхем до јуни 2024 година, а некои медиуми објавија дека тој би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната.
„Сигурен сум дека ќе има разговори во наредните месеци. Фокусиран сум на оваа сезона и како да го дадам најдоброто за тимот. Има уште многу да се игра, се обидуваме да ја освоиме Лигата на шампионите, го имаме и ФА купот, натпревари во Европа. Тоа ме интересира. Знам дека ќе има гласини, многу шпекулации за мојата иднина, но ме интересира само што можам да направам за клубот“, рече Кејн.
Кејн, кој во јули ќе полни 30 години, во кариерата има одиграно 415 натпревари за Тотенхем и постигнато 266 голови.
„Секако дека сè уште сакам трофеи со Тотенхем. Тоа е мојата цел откако почнав да играм во првиот тим. Отсекогаш сум бил искрен за тоа и ќе продолжам да работам за да го остварам тоа. Имаме добар тим, фантастичен менаџер и нема причина да не успееме сезонава“, заклучи тој.
Освен кратките позајмици во Лејтон Ориент, Милвол, Норич и Лестер до својата 20-годишна возраст, Кејн целата кариера ја мина во редовите на Тотенхем. Но, не може да се пофали со ниту еден пехар освоен на клупско ниво, има само индивидуални признанија. Има две загуибени финалиња на Лига купот, едно загуибвени финале во Лигата на шампионите, а има и второ место во Премиер лигата. Ниту со репрезентацијата на Англија нема пехар: второ место на ЕУРО 2020, трето на Мундијалот 2018 и трето во Лигата на нации во 2019.