Кејн стана најдобар стрелец во историјата на Англија

Капитенот на Англија, Хари Кејн стана најдобриот стрелец во историјата на својата репрезентација во синоќешниот триумф на „Гордиот Албион“ на дерби гостувањето кај Италија.

Во 1. коло од групата Ц од квалификациите за ЕУРО 2024 вицешампионот Англија гостуваше кај актуелниот европски првак Италија во своевидна реприза од финалето играно во јули 2021 година. Натпреварот се играше на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол, а гостите од островот славеа победа од 2:1. Деклан Рајс во 13. минута и Хари Кејн од белата точка во 44-тата ги постигнаа головите за гостите, додека „Аѕрите“ се вратија во игра со голот на дебитантот Матео Ретеги во 56. минута, но до крајкот не успеаја да избегнат пораз.

Со својот гол Кејн влезе во англиската фудбалска историја како најдобар стрелец во репрезентацијата со оглед на тоа што овој погодок му беше 54-ти во националниот дрес. Претходно со по 53 гола беше израмнет на врвот со легендата Вејн Руни. Ова за него беше и 18-ти гол од пенал, а има вкупно 81 одигран натпрервар, што е одличен сооднос на голови со натпревари (0,69 голови по натпревар).

Топ најдобри стреелци во историјата на Англија:

  1. Хари Кејн 54
  2. Вејн Руни 53
  3. Боби Чарлтон 49
  4. Гари Линекер 48
  5. Џими Гривс 44
  6. Мајкл Овен 40
  7. Нат Лофхаус 30
    Алан Ширер 30
    Тон Фини 30
  8. Вивиан Видвард 29
    Франк Ламрад 29

Неговиот гол следуваше откако имаше сомневања дали има елементи за пенал. Кејн беше во скок дуел со Џовани Ди Лоренцо кога топката наводно го погоди в рака Италијанецот. Кејн веднаш бараше пенал, а српскиот судија Срѓан Јовановиќ остави ВАР да покаже. И по прегледувањето на снимката беше нејасно дали има или нема рака, но Србинот на крајот сепак се одлучи да досуди пенал за Англија и да му овозможи на Кејн да испише историја. Инаку во ВАР собата беа Полјаците Томаш Квјатковски и помошникот Пјотр Ласик.

Remote video URL
реклама

Фудбал

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Read more

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Read more

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Read more

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Читај повеќе

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Читај повеќе

Алушовски го презеде кормилото на ГРК Охрид

Читај повеќе

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Читај повеќе
  • play_arrow

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Читај повеќе
  • play_arrow

Кениска атлетичарка го собори светскиот рекорд на 1.500 метри, па се расплака

Читај повеќе

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Читај повеќе

Бербатов: Дарко Панчев ми беше идол

Читај повеќе

Милевски: Во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери

Читај повеќе