Хаџиев: Од ФОД ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4% од физичките депоненти во Еуростандард банка

МИА Сузи Котева Стоименова
/ 15.08.2020 / 15:08

Според податоците обезбедени од Банката (со состојба на 10 јули, 2020 година), вкупниот износ на депозитите на физички лица кои ќе бидат обесштетени од страна на ФОД изнесува околу 4,4 милијарди денари. Од ФОД ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4 проценти од физичките лица - депоненти во Еуростандард банка АД Скопје, истакна во интервјуто за МИА Борче Хаџиев, директор на Фонд за сигурување на депозити.

Тој, по случувањата со Еуростандард банка, уверува дека депозитите на граѓаните се безбедни, а банкарскиот сектор е стабилен.

Сепак, депонентите-физички лица коишто имаат депозити во Еуростандард банка АД Скопје повисоки од 30.000 евра, во рамки на обесштетувањето од страна на ФОД ќе им бидат исплатени средства до 30.000 евра во денарска противвредност, по лице.

Како најодговорна институција за обештетување на депозитите на граѓаните во банките во земјава, може ли да кажете колку се сигурни депозитите на граѓаните, особено сега по случувањата со „уростандард банка?

Депозитите на граѓаните се безбедни, банкарскиот сектор е стабилен. Фондот е подготвен и е во одлична финансиска состојба, со што сме во можност да ги исплатиме сите депоненти – физички лица на Еуростандард банка АД Скопје, по основ на вкупните депозити кои ги имаат во Банката во согласност со законските прописи. Според податоците обезбедени од Банката (со состојба на 10 јули, 2020 година), вкупниот износ на депозитите на физички лица кои ќе бидат обесштетени од страна на ФОД изнесува околу 4,4 милијарди денари. Од ФОД ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4 проценти од физичките лица - депоненти во Еуростандард банка АД Скопје.

Колку средства чуваат граѓаните во банките и колку од тие се до 30.000 евра, средства кои се гарантирани и се обештетуваат во случај на пропаѓање на некоја банка?

Граѓаните во банките чуваат приближно 4,6 милијарди евра, од кои осигурени се 3,3 милијарди евра. Во случај на одземање на дозволата за работа на некоја од членките на ФОД, се обесштетуваат осигурените депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит во банка пресметани по средниот курс на Народната банка на денот на одземање на дозволата за работа на банката. Предмет на обесштетување се денарските и девизните депозити, средства на трансакциските сметки, депозитите врзани за парични картички, девизните приливи и сертификатите за депозити издадени од банката.

Со обесштетувањето на депозитите се опфаќа и договорената пресметана и припишана камата и непристигнатата камата заклучно со денот на одземање на дозволата за работа на банката, којашто не му била исплатена на депонентот-физичко лице.

Согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити, во случај кога депонентот има обврски кон банката, вкупниот износ на депозити на депонентот коишто се предмет на обесштетување се намалува за износот на неговите обврски кон банката.

Колку може да влијае овој случај со Еуростандард банка на губење на довербата кај граѓаните во банките и тие да почнат средствата да ги чуваат дома? Како тоа ќе се одрзи врз банкарскиот сектор?

Депонентите треба да имаат доверба во банкарскиот сектор. Со оглед на малиот процент на учество на Еуростандард банка АД Скопје во вкупната актива, вкупните депозити и вкупните кредити на банкарскиот систем, 1,3 отсто, 1,7 проценти и 1,6 отсто, соодветно, воопшто не се доведува во прашање стабилноста на банкарскиот систем.

Дали веќе и колку депозити се повлечени од банките, во РСМ ова не е првпат да пропадне банка, колку се сигурни депозитите во другите банки и колку досега се обештетени граѓаните и од кои банки?

Нашата институција има долгогодишно искуство во спроведување на успешни процеси на обесштетување на депонентите. Од 1997 година, кога е основан Фондот, до сега се обесштетени депоненти на 11 наши поранешни членки: Унипроком штедилница, Алмако банка, Мит штедилница - Куманово, Експорт Импорт банка АД Скопје, Радобанк Скопје, Штедилница Киро Ќучук - Велес, Македонска банка АД Скопје, Инко штедилница ДОО Скопје Фершпед штедилница, Штедилница АМ, и Штедилница Интерфалко. Процентот на обесштетување изнесува 90,2 проценти што е еден од највисоките во Европа.

Немаме информации дека се повлекуваат депозити од другите банки. Последните податоци за состојбата на вкупните депозити не забележуваат пад на растот на депозитната база.

Нашите членки редовно ги исполнуваат обврските за уплата на премија за осигурување на депозитите на депонентите во Фондот. Банкарскиот систем е стабилен и депозитите на граѓаните се безбедни и се осигуруваат преку Фондот.

Што ќе се случи со оние кои имаат депозити над 30.000 евра и што доколку не се обезбедат средства од стечајната маса?

Депонентите-физички лица коишто имаат депозити во Еуростандард банка АД Скопје повисоки од 30.000 евра, во рамки на обесштетувањето од страна на ФОД ќе им бидат исплатени средства до 30.000 евра во денарска противвредност, по лице.

Своето право за целосно намирување до висина на вкупниот депозит (разликата меѓу вкупниот износ на депозитот и пресметаниот износ на обесштетување) ќе може да го остварат од стечајната маса на Еуростандард банка АД Скопје. За ова нема потреба од дополнително барање/пријавување на побарувањата од страна на депонентите-физички лица.

Фондот нема надлежност во обезбедувањето на средствата од стечајната маса.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе