НБА 2024/2025

Халибартон постигна кош на годината: Тројка за 4 поени и тоа преку Јанис

Маестралната тројка на Тајрис Халибартон ѝ донесе победа на Индијана Пејсерс над Милвоки Бакс.

Лидерот на Индијана, Тајрис Халибартон, постигна еден од кошевите на сезоната, и тоа за 4 поени. Во решавачката акција на дуелот против Милвоки, при негатива од три поени, погоди многу тежок удар за тројки од корнер, при што беше и фаулиран. Шутираше од многу тешка позиција преку Јанис Адетокунбо, паѓајќи во аут, под прекршок. И неверојатно е како топката влезе.

На тоа му претходеше маестрално осмислена акција на нивниот тренер Рик Карлајл, шампионот на НБА од 2011 година со Далас Маверикс. Кошаркарите на Индијана се отвораа за додавања еден по друг и до последен момент криеја кој ќе ја прими топката. Кога ја зеде Халибартон, ги фати Бакс неподготвени и постигна кош кој многу ги повреди.

Индијана победи со 115:114 и со тоа се израмни со Бакс на табелата бидејќи и двата имаат скор 36-28. Најдобар играч во победничката екипа беше Паскал Сјакам со 25 поени, а интерресно е тоа што Халибартон не одигра добар меч погодувајќи само 4 пати од поле, па заврши со 14 поени и 10 асистенции. Се чини одлучувачки за победата на Индијана е фактот што дури седуммина кошаркари беа двоцифрени. покрај Сјакам и Халибартон, на листата се и Бенедикт Матурин (17 поени), Мајлс Тарнер (13), ТиЏеј МекКонел (12), Ендрју Нембхард (12) и Томас Брајант (10).

Кај Милвоки водечки тандем беше Брук Лопес со 23 поени и Јанис Адетокунбо со 19 поени, 17 скоикови и 7 асистенции. Ториан Принс уфрли 18, додека Демиен Лилард 15 поени.

Акција од американскиот фудбал

„Тоа е како акција во (американскиот) фудбал. Беше одлично да се види како функционира. Прв пат ја изведовме на тренинг пред две години и погодив на ист начин. Оттогаш не ја добив топката, бидејќи обично мразам да ја играм“, изјави Халибартон за акцијата на неговиот тренер Карлајл.

„Доволно пати го имам изведено тојх шут за да знам каде сум на теренот. Важно е само да скокнам, бидејќи во таа ситуација скокам повисоко од вообичаеното. И едноставно влезе“, изјави херојот на Индијана.

Рик Карлајл беше воодушевен што успеа тоа им успеа. „Тоа беше неверојатен редослед на настани. Каква акција, а Реџи Милер беше во салата за да го види во живо. Со години ќе зборуваат за овој шут на Тајрис“, рече тој, оддавајќи почит на легендарниот тројкап на Пејсерс кој има погодувано исто како Халибартон.

Резултати:

Кливленд Кавалирс - Бруклин Нетс 109:104
Детроит Пистонс - Вашингтон Визардс 123:103
Индијана Пејсерс - Милвоки Бакс 115:114
Њу Орлеанс Пеликанс - Лос Анџелсе Клиперс 127:120

Табела:

реклама

Кои се придобивките од миењето со ладна вода?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Read more

Топол напиток погоден за почеток на денот: Се смета за најдобра замена за кафето

Read more

Кошарка

Јокиќ брилираше на стартот од плејофот, пирови 37 поени на Дончиќ

Read more

Дончиќ го треснал мобилниот од ѕид кога дознал за размената во Лејкерс

Read more

Аделман: Јокиќ не може 1 на 4!

Read more

Дејвис го предводеше Далас до голема победа, Чикаго и Сакраменто елиминирани

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Бизарна врска: Клупската членска цело време го криела времето на смртта на папата?

Читај повеќе

Каква улога ќе има Модриќ во Свонси?

Читај повеќе

Marca: Ал Наср подготвува тим од соништата

Читај повеќе

Барселона без Левандовски против Реал и Интер?

Читај повеќе

Консејсаун: Кога Милан освоил два трофеја во една сезона?

Читај повеќе

Животната драма на Фернандо Мориентес: Можев да умрам…

Читај повеќе

Одложени натпреварите во Италија поради смртта на папата

Читај повеќе

Лестер испадна од Премиер лигата и продолжи да руши негативни рекорди

Читај повеќе

Конте му се налути на Де Лаурентис: Не сум будала

Читај повеќе