Халкбанк со бесплатна видео-едукација за користење на нивните е-услуги

Технологијата во финансиските услуги не била никогаш поважна и попотреба како денес. Условите во кои живееме, вонредните случувања, напредокот во фин-технолошките услуги, но и  зголемените очекувања од потрошувачите, бараат од банките да ја зголемат својата дигитална присутност и воедно да едуцираат за тоа како истата може да придонесе за поголемо и подобро кирисничко искуство на своите клиенти.

 Халкбанк не е исклучок. Водена од својата премиса „Важни се луѓето“, низ повеќе практики и активности покажа дека навистина се грижи за квалитетно и достапно опслужување на своите клиенти, но и дека е во чекор со светските е-трендови, кои дури и повеќе се наметнаа како последица од карантинот. Меѓу останатото, банката спроведе и бесплатна онлајн едукација за користење на сите банкарски услуги по електронски пат, и тоа од удобноста на сечиј дом, преку серија на видео „туторијали“ во кои на едноставен начин, чекор по чекор, се даваат насоки за користење на електронското банкарство на Халкбанк.

Видеата се лесно разбирливи и прилагодени за секого, па дури и за оние кои помалку се снаоѓаат во користењето интернет, а сѐ што е потребно е да се инсталира мобилната апликација за е-банкарство на Халкбанк.

Со цел и на нашата публика да ѝ овозможиме полесен пристап до банкарските услуги на Халкбанк, ја претставуваме целата онлајн едукација за користење на електронско банкарство, која се состои од вкупно 5 видеа.

  1. Активирање на корисник на електронско банкарство за физички лица преку мобилна апликација

Пред сѐ, доколку не сте корисник на е-банкарството на Халкбанк, а сте клиент на банката, во ова видео ќе научите како да ja активирате мобилната апликација и да креирате кориснички профил, за потоа да можете да ги користите сите услуги на банката по електронски пат.

Remote video URL

 

  1. Управување со сметки и картички преку е-банкарство

Доколку имате повеќе од една сметка или картичка во банката, во ова видео ќе се запознаете како од едно место да управувате со нив и како да префрлате средства од една на друга сметка или картичка, и тоа сѐ преку вашиот паметен уред.

Remote video URL

 

  1. Брзо и лесно плаќање сметки преку е-банкарство

Земајќи предвид дека плаќањето сметки за режиски трошоци како струја, вода, парно, интернет, но и плаќање преку ПП30 и ПП50 налози, се една од најчестите причини за одење во банка, преку ова видео ќе го научите целиот процес како да ги завршувате овие обврски брзо и лесно, од удобноста на вашиот дом.

Remote video URL

 

  1. Подмирување долгови и кредити преку е-банкарство

Подмирувањето на долговите на кредитните картички и долговите за кредит, исто така, може да се реализираат без чекање во редица пред банка односно преку мобилната апликација на Халкбанк, а чекорите како да се направи тоа се објаснети во следното видео:

Remote video URL

 

  1. Менувачница и други функционалности

На крајот, доколку сакате да извршите откуп или продажба на средства на вашата девизна или денарска сметка, тоа можете да го направите само со два клика преку вашиот мобилен телефон. Дополнително, во ова видео ќе се запознаете и како да отворите и орочите депозит, како да ја отворите курсната листа, да ја најдете локацијата на најблискиот банкомат или пак да се јавите во Контакт центарот на Халкбанк.

Remote video URL

 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

  • filter

Секси петок

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе