Хамилтон е спортист на годината според BBC

Ф1
Ф.З.
/ 21.12.2020 / 11:18

Престижната награда која се доделува од 1954 година по вторпат е во рацете на шампионот на Ф1.

Луис Хамилтон е изгласан за BBC спортска личност на годината за 2020 година. Британскиот возач сезонава повторно стана шампион и го израмни рекордот на легендарниот Михаел Шумахер за седум титули светски шампион, а веќе четврта година по ред е незапирлив.

Згора на тоа, годинава го надмина Германецот и по бројот на Гран при победи. Хамилтон стигна до 95, додека Шумахер има 91.

Гласањето беше јавно, а зад Хамилтон заврши капитенот на Ливерпул, фудбалерот Џордан Хендерсон. Тој го предводеше својот тим до првата премиерлигашка титула по пауза од точно 30 години.

Во потесната конкуренција беа и боксерот Тајсон Фјури, крикет играчот Стјуарт Броад, џокејот Холи Дојл и снукер мајсторот Рони О'Саливен.

„Би сакал да им честитам на сите номинирани кои се навистина неверојатни. Горд сум на нивните достигнувања. Им се заблагодарувам на сите оние кои гласаа за мене. Не очекував да победам имајќи ја предвид големата конкуренција“, рече Хамилтон.

Првиот пат кога ја доби оваа награда беше во 2014 година. Наградата е наменета исклучиво за спортисти од Обединетото Кралство и неговите територии. Можат да влезат и странци, но само доколку повеќе години работеле во Обединетото Кралство.

Во изминатата дека вака изгледа листата на победници:

  • 2020 Луис Хамилтон (Англија / Ф1)
  • 2019 Бен Стоукс (Англија / крикет)
  • 2018 Гераинт Томас (Велс / велосипедизам)
  • 2017 Мо Фарах (Англија / атлетика)
  • 2016 Енди Мареј (Шкотска / тенис)
  • 2015 Енди Мареј (Шкотска / тенис)
  • 2014 Луис Хамилтон (Англија / Ф1)
  • 2013 Енди Мареј (Шкотска / тенис)
  • 2012 Бредли Вигинс (Англија / велосипедизам)
  • 2011 Марк Кавендиш (Ман / велосипедизам)

Наградата за тренер на годината ја доби Германецот Јирген Клоп кој веќе пет години работи во Обединетото Кралство, додека за најдобар тим е одбран неговиот Ливерпул.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Ф1

Верстапен победи во Кина, Норис втор, Перес трет

Read more

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more
 

Спорт

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе