Хамилтон: Фетел е најдобриот светски шампион што го познавам

Ф1
Макфакс/Кајгана
/ 11.12.2024 / 15:50

Луис Хамилтон во неделата последен пат во кариерата го возеше болидот на Мерцедес. Трката во Абу Даби ја заврши на четвртото место. Кариерата Хамилтон ќе ја продолжи во Ферари.

Британецот со Мерцедес освои 6 титули, а неодамна зборуваше кој од возачите, неговите ривали, му оставил најдобар впечаток.

„Фетел е најдобриот светски шампион, бидејќи е повеќе од возач. Има голема страст, а од друга страна се грижи за луѓето. Мислам дека тој е единствениот, покрај мене, кој ја искористи својата популарност за да направи нешто добро надвор од Формула 1“, изјави Хамилтон.

На почетокот на нивното ривалство, Себастијан Фетел беше поуспешен. Ја освои титулата по голема борба во 2010 година, а одлуката падна на последната трка во Абу Даби.

Хамилтон му се врати во 2017 и 2018 година кога го спречи Германецот да ја освои титулата во Ферари.

„Имавме одлични трки, но и поминавме квалитетно време надвор од патеката“, заклучи Хамилтон.

реклама

Четири хороскопски знаци во кои се раѓаат најголемите хипохондрици во Зодијакот

Read more

Citroën 2CV би можел да се врати како ретро градски автомобил

Read more

Новости од Ирак: Девојчињата на возраст од 9, момчињата од 15 години ќе можат да се венчаат

Read more

Објавена листата на десетте најубави супермодели во светот според златниот пресек

Read more

Ф1

Хамилтон прв пат возеше болид на Ферари, претставена и неговата нова кацига

Read more

Ф1 во Белгија до 2031 година, без трки во 2028 и 2030 година

Read more

Интересна соработка: Мерцедес му ги отвора вратите на Ф1 светот на Adidas

Read more

11 години од кобното скијање: Состојба на Шумахер сѐ уште е мистерија за јавноста

Read more
 

Спорт

Македонија силна против Катар

Читај повеќе
  • play_arrow

Вемби ја воодушеви публиката жонглирајќи со фудбал

Читај повеќе

Новиот Салах пристигна во Англија: Мармуш потпиша за Манчестер Сити

Читај повеќе
  • play_arrow

Баерн доживеа дебакл иако имаше 30 шутеви и речиси 700 додавања

Читај повеќе
  • play_arrow

Хамилтон прв пат возеше болид на Ферари, претставена и неговата нова кацига

Читај повеќе

Гринвуд ја одјави Англија во ФИФА, ќе игра за Јамајка

Читај повеќе

Денеска завршува претпоследното коло во ЛШ: Меч да се биде или не за ПСЖ и Сити

Читај повеќе
  • play_arrow

Борусија го отпушти Нури Шахин по четвртиот последователен пораз

Читај повеќе
  • play_arrow

На Запад ништо ново: Трипл-дабл на Јокиќ и Леброн за убедливи победи на Денвер и Лејкерс

Читај повеќе