Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок

Ф1
Макфакс/Кајгана
/ 06.02.2025 / 14:51

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, во февруари минатата година ја објави својата одлука да го напушти Мерцедес по 12 години соработка и да ја продолжи кариерата во Ферари. 40-годишниот Британец, кој со Мерцедес освои 6 шампионски титули по дебито со Мекларен, се натпреварува во Формула 1 од 2007 година.

Хамилтон возењето за Ферари во Формула 1 го опиша како остварување на детскиот сон, а со славниот тим потпиша повеќегодишен договор со плата од околу 50 милиони евра по сезона. Пред да го напушти Мерцедес, Хамилтон на сите 3.000 вработени им поделил подароци.

Според англиските медиуми, Хамилтон го ангажирал познатиот мотоспорт уметник Пол Оз, човекот кој создаде бисти на легендарни возачи како Аиртон Сена, Брус Мекларен, Џејмс Хант… за да создаде ново уметничко дело, слика од неговиот автомобил на ГН на Монако во 2019 година.

Оригиналната слика во масло виси во седиштето на тимот во Бракли, а секој член на персоналот на Мерцедес доби свој отпечаток од уметничкото дело. Самиот Оз го потврди ова во објава на Instagram која подоцна ја избриша.

„Сега кога е познато и сите 3.000 вработени во Мерцедес ГП ги добија своите копии од ова, можам да зборувам за тоа. Нарачката ја направи Луис како подарок за заминување за сите во Мерцедес… Потег што покажа големина“, рече уметникот, додавајќи:

„Мојата единствена должност беше да се фокусирам на болидот, а не на Луис, па решив да сликам слика од Монако 2019 година, само неколку дена откако Ники Лауда почина и тимот го обои системот за заштита хало во црвено во негово сеќавање“.

реклама

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ

Read more

Митева: Во Скопје само 2 објекта од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Членките на НАТО кои граничат со Русија се повлекуваат од забраната за противпешадиски мини

Read more

Ф1

Берман го искрши болидот на првиот тренинг

Read more

Почнува новата Ф1 сезона: Хамилтон сака да ја прекине доминацијата на Верстапен

Read more

Доменикали ќе ја води Формула 1 уште 5 години

Read more

Официјално: Одобрен влезот на Кадилак во Формула 1

Read more
 

Спорт

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Читај повеќе

Бугарските легенди Стоичков, Михајлов и Бал'ков собираат средства за настраданите во Кочани

Читај повеќе

Димитријевиќ ќе го напушти Милано

Читај повеќе

Црвена звезда и Вардар договорија хуманитарен меч: Сите приходи за погодените од трагедијата во Кочани

Читај повеќе

Крај на сезоната за Марко Митев

Читај повеќе

Напаѓачите Ристовски и Ќамили отпаднаа поради повреди, Тошевски доби повик

Читај повеќе

Романо: Модриќ има само една желба

Читај повеќе

Ристовски заминува од Динамо?

Читај повеќе

Голем хендикеп за Барселона: Заврши сезоната за младиот Касадо

Читај повеќе