Хамилтон најбрз и на вториот тренинг пред Големата награда на Бахреин

Ф1
Кајгана/МИА
/ 27.11.2020 / 18:43

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон беше најбрз на денешниот втор тренинг пред трката во Формула 1 за Големата награда на Бахреин.

Седумкратниот светски шампион оствари резултат од 1:28.971 минути. Тој беше најбрз и на првиот тренинг што се одржа порано денеска.

Втор на вториот тренинг беше Макс Верстапен од Ред Бул (1:29,318), додека трет беше возачот на Мерцедес, Валтери Ботас (1: 29,336).

Возачот Серхио Перез беше четврти, а петтото место го освои Даниел Рикардо од Рено. Шести беше Пјер Гасли од Алфа Таури, а седми беше Ландо Норис од Мекларен.

Возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Чарлс Леклерк ги зазедоа 12-то, односно 14-то место.

Вториот тренинг беше прекинат во два наврати, првиот пат поради несреќата на Александар Албон од Ред Бул, кога удри во заштитната ограда, а вториот пат откако куче втрча на патеката.

Третиот тренинг се одржува итре пред квалификациите, што почнуваат во 15 часот.

Трката за Големата награда на Бахреин е на програмата во недела од 15:10 часот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Ф1

Саинс и Леклер доминираа во Австралија, на Верстапен му откажаа сопирачките

Read more

Верстапен: Јас во Мерцедес? Ќе видиме во 2028 година

Read more

По 28 години полицијата го пронајде украденото Ferrari на Герхард Бергер

Read more

Формула 1 ги зголеми приходите на дури 3,2 милијарди долари

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе