Еден од најдобрите Формула 1 возачи на сите времиња, Луис Хамилтон, денеска за прв пат во кариерата возеше нов болид на Ферари.

Британецот ќе биде прв возач на Ферари од новата сезона, а утрово прв пат го возеше новиот болид со кој ќе тргне по осмата титула во кариерата.
Исто така, објавена е фотографија од неговата нова кацига, која не е црвена како што се очекуваше туку жолта, позната како giallo Modena.

Хамилтон возеше во слаба магла и пред малку фанови на приватната патека на Ферари во Фјорано. Возеше во болидот F1-75 со кој Карлос Саинс ја постигна првата победа на Силверстоун во 2022 година и ќе има цел ден да се навикне на новиот болид на Ферари.
Очекувањата од Британецот се огромни, а неговото прво излегување на патеката го пренесуваше дури и угледниот Sky Sports.
Новиот болид ќе го има своето официјално деби во Мелбурн во средината на март, кога на распоредот е трката за Големата награда на Австралија.