НБА 2024/2025

Харден го изрешета Чикаго, Детроит го декласираше Бостон

Лос Анџелес Клиперс ги совладаа Булс среде Чикаго со 122:117, прекинувајќи ја серијата од 3 порази, додека Бостон Селтикс доживеа тежок пораз на гостувањето кај Детроит Пистонс.

Клиперс ноќеска подобро влегоа во натпреварот и имаа 5 поени предност по првата четвртина, но Булс го свртеа резултатот пред полувремето, па првото полувреме заврши со 60:59 за домашните.

Гостите по паузата повторно отворија подобро и во последната четвртина влегоа со 5 поени предност, но овојпат во драматична завршница го сочуваа водството и остварија победа.

Најдобар играч кај победничкиот тим беше Џејмс Харден, кој постигна 30 поени. Погоди и тројка со која ја запечати победата во последните минути од натпреварот. Поддршка имаше од Амир Кофи, кој постигна 20 поени, додека Зак Колинс (21 поен и 17 скока) и Џош Гиди (21 поен и 12 асистенции) одиграа речиси сами за Булс.

Remote video URL

Клиперс се на шестото место во Западната конференција со 32 победи и 26 порази, а Булс се 10-ти на Истокот со скор 23-36.

Детроит Пистонс ја продолжи победничката серија, овој пат декласирајќи го актуелниот шампион Бостон Селтикс со 117:97. Ова е осма последователна победа за тимот кој моментално заедно со Кливленд Кавалирс е во најдобра форма во целата лига. Детроит речиси 17 години немал ваква серија победи. Пистонс ја прекинаа долгата серија неуспеси во дуелите со Бостон, имаа серија од 12 порази во низа.

Предводници на овој триумф беа незапирливиот Малик Бизли, најефикасен со 28 поени, и Кејд Канингем кој постигна 21 поен и забележа 11 асистенции, додека Џејлен Дуран имаше 13 поени и 11 скокови.

Овој пораз беше втор најубедлив за Бостон сезонава и го означи крајот на серијата од 6 победи.

Џејсон Тејтум беше најефикасен со 27 поени, а Дерик Вајт и Пејтон Причард постигнаа по 18. Детроит се зацврсти на шестото место на Истокот (33:26), Милвоки има една победа повеќе и еден пораз помалку.

Remote video URL

Резултати:

Индијана Пејсерс – Торонто Репторс 111:91
Вашингтон Визардс – Портланд Треил Блејзерс 121:129
Мајами Хит – Атланта Хокс 131:109
Бруклин Нетс – Оклахома Сити Тандер 121:129
Чикаго Булс – Лос Анџелес Клиперс 117:122
Јута Џез – Сакраменто Кингс 101:118
Хјустон Рокитс – Сан Антонио Спарс 118:106

Табела:

реклама

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Најчестата фраза што ја користат жените кога не се заинтересирани за некого

Read more

Зошто никогаш не треба да ги оставате тестенините во цедалката?

Read more

Кошарка

Евролигата наредната сезона со 20 екипи

Read more

Оклахома по вторпат ја декласираше Минесота во западното финале

Read more

Четири држави домаќини на Евробаскет 2029

Read more

Гилџс-Александер е НБА МВП, го стигна Џордан

Read more
 

Спорт

Лазаров: Не сакам играчите да бидат под притисок, нека уживаат во натпреварот

Читај повеќе

Проштална порака на Анчелоти: Магичните ноќи на Бернабеу веќе се дел од фудбалската историја

Читај повеќе

Во Јунајтед сите се на продажба, освен еден играч

Читај повеќе

МВР побара, ФФМ прифати: Баражот за прва лига преместен од Чаир

Читај повеќе

Евролигата наредната сезона со 20 екипи

Читај повеќе

Спортот никогаш повеќе нема да биде ист? Стартува Олимпијада за допингувани

Читај повеќе

Играч на Севиља наместо во Серија А, може да оди во затвор

Читај повеќе
  • play_arrow

Оклахома по вторпат ја декласираше Минесота во западното финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело на поткаст си ја отвори душата: За Савичевиќ, Бекам, Малдини, Ибра, Роналдо, Гулит, Баџо, Тоти...

Читај повеќе