ОД ИГРАЧКА-ПЛАЧКА

Хитлер и сериски убиец на трибините предизвикаа скандал

Трибините на стадионите ширум светот по рестартирањето на спортот останаа празни, па некои клубови се обидуваат да ги пополнат на креативни начини, а еден од најпопуларните е ставање на седиштата картонски исечоци со фотографии на навивачите во природна големина.

Ваквата тактика им се удри од глава на организаторите на рагби натпревари во Австралија, каде на еден натпревар еден од „гледачите“ беше Харолд Шипман, злогласениот британски сериски убиец кој во 2000 година беше прогласен за виновен за убиство на 15 пациенти со смртоносна инјекција.

Австралиската рагби лига (NRL) ја почна иницијативата The Fan in the Stand (Навивачот на трибините) преку која за 22 долари може да се приложи своја фотографија што ќе биде поставена на трибините.

Очигледно, некои луѓе ја злоупотребија приликата и ја покажаа духовитоста во најлошо светло, испраќајќи фотографија на Шипман која се појави на трибините во Кембелтаун, на вчерашниот натпревар меѓу Пантерс и Најтс.

URL

Шипман не е толку познат во Австралија и остатокот од светот колку во Велика Британија, но NRL сепак најави дека во иднина повеќе ќе се внимава.

Можеби инцидентот ќе поминеше без поголема помпа да не реагираше Мети Џонс, поранешен рагбист и сега ТВ-коментатор и водител, кој во својата емисија направи уште поневкусна шега.

Тој го намонтира Адолф Хитлер на трибините, што предизвика бесни реакции и критики од еврејската заедница во Австралија.

URL

Џонс и телевизиската куќа за која работи се извинија.

„Сегментот од мојата емисија Fox League во кој прикажавме фотографија на Хитлер меѓу картонската публика беше невкусен потег и потполно несоодветен. Знам дека Fox Sports веќе се извини, но јас сакам лично да се приклучам во извинувањето. Знам колку се тие настани и ден денес разорни за многу луѓе и семејства. Погрешив и сакам да им се извинам на гледачите и на сите во заедицата кои беа навредени од сегментот“, соопшти Џонс и додаде дека веќе посебно се извинил на целата еврејска заедница.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Останати спортови

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Read more

Конор МекГрегор се враќа во октагонот

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе