Еден од најдобрите светски напаѓачи Ерлинг Холанд е подготвен да се врати на теренот по пет недели, откако се опорави од повредата на мускул во пределот на колкот, потврди тренерот на Борусија Дортмунд.
„Ерлинг ќе биде во автобусот со нас. Во последните неколку дена напредуваше многу. Се чувствува добро, но нема да го одигра целиот натпревар“, најави Марко Розе.
Холанд последниот натпревар го одигра на 19 октомври во поразот на Борусија на гостувањето кај Ајакс(0:4). Дотогаш постигна 9 голови во Бундеслигата и еден во ЛШ. Без него Борусија има два пораза во ЛШ, а во домашното првенство имаат 3 победи и 1 пораз.