Катастрофална комбинација

Хороскопски знаци кои никако не фунционираат заедно

На некои хороскопски знаци не им е судено да бидат заедно.

Според астролозите, станува збор за комбинација од две лица кои се целосно различни и имаат различни желби и потреби, што ја прави нивната врска полна со непријатни предизвици.

Издвојуваат четири парови чија врска може да биде многу стресна.

Овен и Риби

Врската меѓу огнениот Овен и водените Риби може да биде незгодна со оглед на нивните различни карактери. На сочувствителните Риби ќе им смета наметливоста на Овенот, додека пак тој брзо ќе се умори од пасивноста и пречувствителноста на Рибите.

Оваа врска бара премногу труд и компромиси за да успее.

Близнаци и Скорпија

И двата знаци се интелигентни и љубопитни, па можат да водат интересни и стимулативни разговори, но тука завршуваат сличностите. Разиграните Близнаци со постапките постојано ќе ѝ даваат причина за љубомора на Скорпијата, која нема да може тоа да го толерира.

Оваа врска е полна со драми и конфликти, па нема големи шанси за успех.

Лав и Јарец

И овие знаци не се компатибилни. Тие имаат различни погледи кон светот, па уште од самиот почеток ќе биде очигледно дека нивната врска нема многу шанси за успех.

Скромниот и штедлив Јарец нема да го одобрува екстравагантниот и раскошен стил на живот на Лавот, додека на Лавот ќе му недостасува возбуда и акција во оваа врска.

Девица и Стрелец

Иако можат да воспостават добра комуникација и можеби дури и да станат пријатели, треба да застанат тука. Ова е комбинација на двајца луѓе кои немаат заеднички интереси.

Девицата е педантна и организирана личност која планира сè однапред, додека неоптоварениот и безгрижен Стрелец е познат по тоа што живее во дадениот момент.

За двајцата е подобро да бидат со некој кој повеќе ќе им одговара.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Љубов и секс

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Read more

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Read more

Која е просечната неделна доза секс?

Read more

Како сексот може да ви помогне да напредувате на работното место?

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе