Некогаш не сме ние виновни за тоа што ни се случува, но најчесто не постои никој друг кого би можеле да обвиниме. И тогаш е време да се соочиме со последиците, кои не се секогаш многу пријатни. Секако, ако тоа им се случува премногу често, тогаш постои можност да научат од овие грешки.
Постојат хороскопски знаци што сами себе си го комплицираат животот.
Овенот е крал на импулсите и грешките. Претставниците на овој знак речиси сите одлуки во животот ги носат без претерано размислување. Прво дејствуваат, а потоа се соочуваат со последиците. Тие се топлокрвни и често многу непромислени и затоа постојано прават погрешни избори. Ова се однесува на сите сфери од нивниот живот, и лични и професионални.
Можеби се брилијантни, но се многу импулсивни и постојано прават погрешни избори. Секако, друг елемент што придонесува за тоа е што тие се толку сигурни во себе и во своите способности што ретко седнуваат сериозно да размислат и да ја анализираат ситуацијата пред да донесат одлука. Така, секогаш паѓаат во замки кои на крајот скапо ги чинат. Сепак, тоа не е доволно за да научат подобро да размислуваат.
Стрелците се вистински огнови и своите одлуки ги носат во лет. Не размислуваат премногу, не анализираат, а не им е ни грижа да го прават тоа. Прават сѐ што ќе им падне на памет во тој момент и штом ќе помислат дека нешто е во ред, ќе тргнат по тоа со целото свое битие. Сѐ додека, се разбира, не испадне дека е спротивно и не добијат само сметка за плаќање. И дури тогаш сфаќаат што направиле. Страдањето никогаш не им држи лекција, а нивните погрешни избори продолжуваат.