Хороскопските знаци зад волан: Бикот вози по свое, Лавот за чудо е дисциплиниран

Астролозите велат дека хороскопскиот знак може да укаже дали ќе бидете лош или добар возач.

Наводно, ѕвездите имаат влијание врз вашите возачки способности.

Американско истражување спроведено на 100.000 учесници покажало дека возачите родени во хороскопскиот знак Риби добиваат најмногу казни. По нив следат Овен, Водолија, Јарец и Вага.

Девиците, Стрелците и Близнаците добиле најмалку казни. Вагите учествувале во најмногу сообраќајни несреќи, по нив следат родените во знакот на Скорпија, Јарец, Овен и Водолија. Близнаците, Раковите и Лавовите учествуваале во најмалку сообраќајни несреќи.

Забавувајте се и откријте кои се вашите вештини кога станува збор за возењето. Листата е составена со рангирање на знаците од најлоши до најдобри возачи.

Вага

Вагите копнеат за рамнотежа и не сакаат да носат избрзани одлуки. Ова не е добра одлика за еден возач, затоа што честопати треба брзо да реагирате зад воланот.

Водолија

Иако им припаѓа на воздушните знаци, Водолијата е скоро дијаметрално спротивна на Вагата. Додека Вагата не сака да одлучува брзо, Водолијата е прилично импулсивна. На тоа додадете го и фактот дека со неа управува Уран, планета која се карактеризира со брзина и немир, па заклучокот е дека не е најбезбеден учесник во сообраќајот.

Овен

Овенот е егоцентричен знак и главно мисли само на себе и има тенденција да се преценува пред да ги провери намерите на другите возачи.

Риби

Рибите не се агресивни како Овните, тие се повеќе сонувачи, па затоа многу време поминуваат во сонување. Возењето бара целосна концентрација, нешто што многу Риби не можат да го направат, дури ни кога возат. Нивното невнимание е причината зошто најмногу добиваат казни, од непочитување на патна сигнализација, до паркирање каде ќе им текне.

Скорпија

Скорпиите имаат тенденција да откачат зад воланот, а тоа има врска со нивниот инстинкт за одмазда кон оние што им нанеле штета. Ако им го пресечете патот, веројатно ќе ве следат и ќе ви го направат истото.

Бик

Бикот страда од слични проблеми како и Овенот. Тој знае да вози само по свое и поради таа крајна тврдоглавост, има тенденција да поминува на црвено светло.

Стрелец

Стрелците сакаат да ризикуваат. За среќа, тие се искусни во тоа, но сакаат да зборуваат и така, честопати можете да видите како Стрелец телефонира додека возите, а добро е познато колку тоа може да биде опасно.

Јарец

Јарците често се фокусирани единствено на целта, што значи дека повеќе размислуваат за крајната дестинација отколку за тоа како ќе стигнат таму. Имаат тенденција да мислат дека сообраќајните правила се напишани за другите возачи, не и за нив.

Девица

Девиците се многу детални и систематски, па затоа секогаш се придржуваат до пропишаните брзини и не им е „тешко“ да згазнат на сопирачките. Единствено што можат да предизвикаат е колона возила зад нив бидејќи возат пребавно.

Рак

Овој воден знак живее за семејството, па и другите учесници во сообраќајот ги гледа како членови на нивното пошироко семејство, што значи дека се совесни и внимателни возачи. Единствена возачка маана им е што не размислуваат двапати пред да почнат да свират.

Близнаци

Близнаците се одлични во вршење повеќе работи истовремено, па ако видите возач како јаде, пие, менува станици, се шминка или прави нешто друго зад воланот, голема е веројатноста дека е припадник на знакот Близнаци. Сепак, тие се крајно внимателни – секогаш ставаат појас, користат handsfree систем за зборување на телефон и во автомобилот ги имаат сите гаџети и технологии за помош при возење.

Лав

Огнените Лавови се дарежливи и сакаат да ја делат улицата со другите возачи, додека истовремено ги почитуваат сите учесници во сообраќајот. Ако некаде Лавот не се однесува како крал, тоа сигурно е улицата, бидејќи пред сѐ, е многу правичен и не сака да го гледаат како некој кој ги крши правилата. Можеби токму нивното его ги прави најдобри возачи.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Живот

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more
 

Магазин

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе