Хоспитализирани 667 ковид-пациенти, од нив 256 се во Скопје

Вкупно 667 пациенти позитивни или сомнителни на коронавирусот се лекуваат во болниците низ државата и има околу 384 празни болнички кревети. На  инфективните оддели во Скопје се хоспитализрани 256, а во ковид-центрите во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат 411 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Во болниците во Битола и Штип се хоспитализирани по 32 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 24, во Велес се лекуваат 26, во Куманово 53, во Охрид 55, во Прилеп 73 пациенти, четворица во Гостивар, 19 во Струга. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 17, во Кочани шест,  во Кичево осум, Кавадарци  – 45, четворица во Гевгелија и 13 во Дебар.

Во ковид-центрите во Скопје во изминатите 24 часа се хоспитализрани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. На интерните клиники имало 11 приеми на пациенти, во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ шест, седум приеми на Инфективната клиника и во Козле шест нови пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени седум оздравени пациенти.

Вкупно 256 пациенти потврдени и сомнителени за COVID-19 се лекуваат во моментов на инфективните оддели во болниците во главниот град. Во ковид-центарот на Клиниката за кожни болести лежат 16 пациенти, на Неврологија 26, на Институтот за ТБЦ – 36 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има 80 болни, на Инфективната клиника  81, а во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти. На Гинекологија има четири хоспитализирани ковид-позитивни пациентки.

Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Министерството за здарвство соопшти дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе