Хотел на смртта: Злосторствата што се случиле таму не се разјаснети до ден-денес

Netflix го објави трејлерот за новата крими-серија за вистински случувања, во чиј фокус е злогласениот Хотел Сесил во Лос Анџелес во кој загинале најмалку 16 лица и со тоа го доби прекарот „Хотел на смртта“.

Во серијата „Crime Scene: The Vanishing at the Cecil Hotel“ што ќе излезе на 10 февруари, ќе се истражува смртта на 21-годишната канадска студентка Елиса Лам чие тело беше пронајдено во резервоар за вода во хотелот во 2013 година, и никогаш не беше објаснето како стигнало дотаму.

Иако нејзината смрт беше прогласена за несреќен случај, инцидентот беше обвиткан со превез на мистерија, а снимките од камерата за надзор на хотелот на кои Елиса последен пат беше видена жива, станаа вирални поради нејзиното необично однесување.

Remote video URL

Елиса не е единствената чиј живот завршил во овој хотел, тој е познат по многубројните убиства, самоубиства и други злосторства што се случиле во него откако бил изграден во 20-тите години на 20 век.

Во 30-тите, во хотелот биле убиени дури шест лица, а во 1944 година, мајка тинејџерка го фрлила своето новородено бебе низ прозорец.

Урбан мит е дека дури и познатата Црна Далија, Елизабет Шорт, чие убиство од 1947 година никогаш не било решено, била видена како пие пијалок во хотелскиот бар само неколку дена пред нејзината смрт.

Во 1964 година се случи уште едно неразјаснето убиство во Хотел Сесил. Во него беше пронајдено телото на пензионираната телеоператорка Голди Осгуд, која била силувана и претепана пред да биде убиена.

Двајца сериски убијци, Ричард Рамирез и Џек Унтервегер, имаат престојувано во хотелот. Рамирез, познат и како „Ноќен демна“, пустошеше низ Лос Анџелес во 80-тите години на минатиот век, убивајќи дури 13 лица пред да биде фатен. Се верува дека Унтервегер убил најмалку три проститутки за време на неговиот престој во хотелот.

„Crime Scene: The Vanishing at the Cecil Hotel “ ја сними режисерот Џо Берлингер (Conversations With a Killer: The Ted Bundy Tapes, Paradise Lost) кој вели дека бил фасциниран од случајот Елиса Лам.

„Како режисер на криминалистички документарни филмови за вистински настани, ме фасцинираа снимките од Елиса Лам во лифтот и големиот интерес на интернет-детективите кои се обидоа да ја решат мистеријата и да разберат што ѝ се случило. Кога новинарот Џош Дин ни ги даде неговите истражувања за случајот, тоа го видовме како можност да направиме нешто поразлично, не само да ја раскажеме приказната за нејзиното исчезнување, туку и да ги испитаме злосторствата на оваа локација. Моите претходни проекти се занимаваа со индивидуални злосторства, но никогаш не истражував како одредена локација може да влијае на број на злосторства. Фактот што Елиса исчезна на локација што била сцена на разни злосторства со децении беше фасцинантен за мене“, рече тој Lad Bible.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Филм & ТВ

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Read more

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Read more

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Read more
 

Сцена

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе